16 Декември, 2025
0.0947

„РУСИЈА И ПОМАГА НА КИНА ЗА ИНВАЗИЈА НА ТАЈВАН“: „Киев индепендент“ ја обвини Москва

Објавено во: Свет 27 Септември, 2025 10:54

Добивај вести на Viber

„Киев индепендент“ објави дека Русија наводно се согласила да помогне во обука и опремување на кинеско воздухопловно-десантниот баталјон за евентуална инвазија врз Тајван во 2027 година.

Весникот се повикува на протечените документи објавени на платформата Икс, од хакерската група „Црна месечина“ (Black Moon).

- Врз основа на документи добиени од хакерската група „Црна месечина“, експерти од Кралскиот институт за одбранбени и безбедносни студии обезбедија фактичка анализа и прогноза за заканата што ја претставува руско-кинескиот проект, чија цел е подготовка на воздушен напад од страна на кинеската армија врз Тајван во 2027 година, објави „Киев индепендент“.

Британскиот тинк тенк наведува дека Кина сè уште нема капацитети за воздушно маневрирање неопходни за инвазија врз Тајван, но Русија уште во 2023 година се согласила да ѝ обезбеди на кинеската армија оружје потребно за опремување на воздухопловно-десантниот баталјон, како и технологија за зголемување на домашното производство.

Во договорите објавени од хакерите, Русија на Кина ќе и обезбеди 37 лесни амфибиски јуришни возила со автоматски топови, 11 лесни амфибиски противтенковски самоодни топови, 11 воздушно-оклопни транспортери и неодреден број на командни и набљудувачки возила.

И „Вашингтон пост“ коментирајќи го протечените документи наведува дека „иако кинеската армија се смета за понапредна од руската во некои сегменти, Кремљ има воздушно-десантно борбено искуство, што му недостасува на Пекинг“.

- Поради се поголемата изолација од Западот по целосната инвазија врз Украина, Русија се сврте кон Кина како клучен трговски партнер, што доведе и до зголемена воена соработка, посочува „Вашингтон пост“.

Американскиот весник цитира и неименуван тајвански безбедносен претставник: „Воената соработка помеѓу Кина и Русија оди многу подалеку од она што е јавно признаено“.

Иако Кина официјално тврди дека е неутрална во војната на Русија против Украина, таа индиректно ја поддржува Москва преку континуирана трговија и снабдување со стоки со двојна намена.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете