17 Декември, 2025
0.0576

Русија ќе бара од Германија отштета од четири билиони евра

Објавено во: Свет 04 Февруари, 2015 21:50

Добивај вести на Viber

Членовите на рускиот парламент подготвуваат работна група за процена на штетата која Германија и ја нанела на Русија во текот на Втората светска војна, речиси 70 години од завршувањето на судирите, пишува рускиот весник „Известија“.

Како што пренесува „Њузвик“, Русите ќе бараат од Германија отштета од четири билиони евра.

Според зборовите на пратениците на Либерално демократската партија на Русија Михаил Дегјатеров, иницијативата е директен одговор на трговските санкции кои САД и ЕУ и ги воведоа на Русија поради анексијата на Крим во март и поддршката на проруските сили во источна Украина.

Дегјатеров рекол дека Германија ништо не и платила на СССР за уништување во текот на Втората светска војна.

Според неговите зборови, СССР после конференцијата на Јалта вратил некој германски имот - воглавно ограбен мебел, облека и индустриска опрема како и некој воен плен, но „СССР не барал од Германија економска надокнада“.

Тој оценил дека „Германија продолжила да и нанесува економска штета на Русија, придржувајќи се до трговските санкции на ЕУ“, потсетувајќи на низа трговски ограничувања кои ЕУ и ги наметнала на Русија кои предизвикале криза во руската економија и пад на рубљата.

„Во текот на траењето на војната, 30 одсто од нашата земја и националното богатство е уништено, а уништени се 1710 големи советски градови и села, 32 000 од индустриската зона, а 100 000 фарми целосно се уништени“, рекол Дегјатеров, мислејќи на податоците кои одборот на Сталин ги собрал после војната.

Според неговите зборови, оваа материјална штета изнесува 600 милијарди долари и додал дека „Германија плаќа компензација за шест милиони жртви од Холокаустот, но игнорира 27 милиони убиени советски граѓани од кои 16 милиони се цивили“.

„Ако сето тоа се земе предвид, Германија не му должи ништо помалку од три до четири билиони евра на наследникот на Советскиот Сојуз - Русија“, смета Дегјатеров.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“