26 Јуни, 2024
0.2919

Русија преминува на национални платежни картички

Објавено во: Свет 12 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Русија би требало да прејде на национални платни картички до крајот на 2015 година, изјави рускиот претседател Владимир Путин, и оцени дека земјата мора да ја промени состојбата во која повеќе од 90 одсто Руси користат странски платежни картички како што се Viza или MasterCard.

„Мора да лансираме сопствена „пластика“ (национална платежна картичка) оваа година“, рекол Путин, на сесијата со новинарите последниот ден на самитот на земјите на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужноафричката Република) во рускиот град Уфа.

Според неговите зборови, националните платежни картички треба да се развиваат така да можат да се користат и во странство, а не само на територијата на Руската Федерација.

Најмалку 97 одсто од клиентите во Русија користат MasterCard и Viza картица, навел Путин, додавајќи: „Дали тоа е нормално?Не!“.

Како што рекол, Москва „им дозволува на партнерите така да прават, бидејќи смета дека економијата е над политиката“.

„Се воспостави дека тоа не е случај“, рекол тој, оценувајќи дека економијата се „Користи како инструмент на политичка борба“ и затоа Русија мора да донесе одлука, што не значи дека „ќе подигне ѕид“ околу границите на земјата.

„Ќе ги користиме сите инструменти на соработка со сите земји - со САД, ЕУ и азиските држави“, рекол Путин, додавајќи дека Москва ќе ги развива односите „пред се, со оние кои сакаат да соработуваат со нас“.

„Земјите на БРИКС го сакаат тоа (соработка) , тоа се моќни земји со изгледи за стратешки развој, тоа се идни лидери на светот и глобалната економија“, заклучил претседателот на Русија.

Можеби ќе ве интересира

СЗО: Скоро 2 милијарди луѓе се изложени на ризик од болести поради недоволна физичка активност

СЗО: Скоро 2 милијарди луѓе се изложени на ризик од болести поради недоволна физичка активност

(ВИДЕО) НЕОБИЧЕН НАСТАН ВО АВСТРАЛИЈА: Маж со голи раце ја врати ајкулата во океанот

(ВИДЕО) НЕОБИЧЕН НАСТАН ВО АВСТРАЛИЈА: Маж со голи раце ја врати ајкулата во океанот

Асанж призна една точка од обвинението и се упати кон Австралија: Дали основачот на Викиликс сега е слободен човек?

Асанж призна една точка од обвинението и се упати кон Австралија: Дали основачот на Викиликс сега е слободен човек?

ДОАЃА КРАЈ НА НАШИТЕ ПАТУВАЊА НА МЕДИТЕРАНОТ? Сериозно предупредување на познатиот британски весник

ДОАЃА КРАЈ НА НАШИТЕ ПАТУВАЊА НА МЕДИТЕРАНОТ? Сериозно предупредување на познатиот британски весник

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО КЕНИЈА ПОРАДИ ДАНОЦИТЕ: Полицијата пукаше кон демонстрантите, има жртви

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО КЕНИЈА ПОРАДИ ДАНОЦИТЕ: Полицијата пукаше кон демонстрантите, има жртви

ПИEЛ ВОДА ОД ВОДОПАДИ И ПОТОЦИ: Планинар издржа 10 дена без храна во Северна Калифорнија

ПИEЛ ВОДА ОД ВОДОПАДИ И ПОТОЦИ: Планинар издржа 10 дена без храна во Северна Калифорнија

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Франција би можела да се најде на раб на граѓанска војна

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Франција би можела да се најде на раб на граѓанска војна

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА УКРАИНА: Почнаа преговори, но имаат ли шанси до 2030 да влезат во ЕУ?

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА УКРАИНА: Почнаа преговори, но имаат ли шанси до 2030 да влезат во ЕУ?

(ВИДЕО) ОДРОНИ И НЕПРООДНИ ПАТИШТА: Силно невреме ја погоди Италија

(ВИДЕО) ОДРОНИ И НЕПРООДНИ ПАТИШТА: Силно невреме ја погоди Италија