РУСИЈА СЕ ВРАТИ НА ГОЛЕМА ВРАТА: Повторно е меѓу десетте најголеми економии во светот
Објавено во: Економија 12 Јуни, 2023
Врз основа на минатогодишните резултати, Русија повторно е меѓу десетте најголеми светски економии.
Ова се случи за прв пат по осум години, покажуваат податоците на Светската банка и националните статистички служби.
Во текот на изминатата година Русија произведе стоки и услуги во вредност од 2,3 трилиони долари, што и овозможи да го заземе осмото место во светот според тој показател, пишува Политика.
Последен пат Русија беше меѓу 10-те најголеми економии во светот во 2014 година, кога беше на деветтото место, со показател од 2,05 милиони долари. Минатата година таа беше на 11. место.
Најголема економија во светот минатата година беа Соединетите Американски Држави со номинален БДП од 25,46 трилиони долари. На второ место е Кина со 17,94 милијарди, а на трето Јапонија со 4,17 милијарди долари.
Германија остана на четвртата позиција со БДП од 4,07 билиони долари, по што следи Индија на петтото место со 3,4 трилиони долари, Велика Британија ја задржа шестата позиција со 3,07 трилиони долари, а Франција остана седма со 2,78 трилиони долари.
На деветтото место е Канада со БДП од 2,14 трилиони долари, додека Италија падна за две позиции за една година и стигна до десеттото место, со показател од 2,01 трилиони долари. Јужна Кореја испадна од првите десет и сега е на 13-та позиција.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.