19 Мај, 2024
0.0306

Русија со алтернативна резолуција за Босна и Херцеговина

Објавено во: Балкан 01 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Русија им има обезбедено на Советот за безбедност на ОН алтернативна резолуција за Босна и Херцеговина, која е противтежа на документот подготвен од Велика Британија по повод 20-годишнината од геноцидот во Сребреница.

„Сметаме дека овој предлог е ориентиран кон помирување на страните, а не создавање на дополнителни линии на поделба во Босна и Херцеговина“, изјавил портпаролот на руската мисија во ОН Алексеј Заицев. Тој сепак не дал дополнителни детали околу документот предложен од Москва.

Велика Британија планира да ја поднесе за гласање својата резолуција од 7 јули, четири дена пред одбележувањето на 20-годишнината од масакрот во Сребреница.

Во почетокот на неделата претседателот на претседателството на Босна, кој се менува во ротацијата - етничкиот Србин, Младен Иваниќ, ги повика ОН да не ја прифаќаат резолуцијата за геноцидот во Сребреница со што според него тоа ќе ја дестабилизира земјата.

„Треба да ве предупредам дека оваа (меѓуетничка) ситуација е лоша и ве повикувам да имате предвид дека усвојувањето на резолуцијата нема да е добра за стабилноста на Босна“, напишал Иваниќ во писмо до генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.

Претходно претседателот на босанските Срби, Милорад Додик изјавил дека ќе побара од Русија да го искористи своето право на вето во Советот за безбедност при усвојувањето на резолуцијата за геноцидот во Сребреница.

„Јас сигурно ќе инсистирам (Русија да го искористи своето право на вето) и ќе објаснам дека тоа е важно прашање за нас (етничките Срби)“, изјави Додик за телевизија „RTRS“, пред да замине за Москва, каде што во четврток ќе го посети Меѓународниот економски форум. Додик додал уште дека очекува во рамките на настанот да се сретне со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Потсетуваме дека армијата на босанските Срби, предводена од Радован Караџиќ и ген. Ратко Младиќ, убиле 8000 босанските муслимани во Сребреница. Тоа беше најголемиот масакр во Европа по Втората светска војна. Во моментов на Караџиќ и Младиќ им се суди во Хашкиот трибунал.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс