19 Декември, 2025
0.0627

Русија со ново предупредување - Платформатата води кон „Голема Албанија“

Објавено во: Македонија 03 Март, 2017 18:25

Добивај вести на Viber

Руското министерство за надворешни работи со ново соопштение ја компликува и веќе онака тензичната состојба во Македонија оценувајќи дека меѓународната заедница предводена од ЕУ и САД не смее повеќе да ја наметнува својата волја и да се меша во внатрешната политика, особено со пораките до Иванов да ја промени одлуката и да му го довери мандатот за составување на влада на Заев и дел од албанските партии.

- На изборите на 11 декември владејачката партија доби мнозинство од гласовите, а опозицијата и покрај сите манипулации и нескриената поддршка од ЕУ и САД, доживеа пораз. Еврокомесарот Јоханес Хан, високиот претставник за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и други претставници на т.н. „просветлена Европа“, продолжуваат бесрасмно да вршат невиден притисок врз претседателот Ѓорге Иванов, настојувајќи да и даде премиерски мандат на опозицијата, која ја прифати ултимативаната „Албанска платформа“, стои во соопштението на руското МНР.

Според официјална Москва, важно е да се сфати дека мерките формулирани во Тирана подразбираат федерализација на Македонија, прераспределба на власта и на државните симболи и фактички водат до подривање на уставниот поредок со крајна цел дезинтеграција на државата.

– Кон таквото поведение на европретставиниците се приклучи и претседателот на самопрогласената држава Косово, Хашим Тачи, кој недвосмислено ги повика македонските Албанци „да ги преземат работите во свои раце“ што води кон создавање „Голема Албанија“ која претендира на делови од неколку балкански земји вклучувајќи ја и Македонија. Ова е уште еден доказ дека вештачки создадениот косовски субјект е еден од главните извори на нестабилност и главен носител на конфликтен потенцијал на Балканот. Македонците треба сами без мешање од надвор да решаваат за својата судбина, порачуваат од МНР на Руската Федерација.

Ова е втор пат Русија преку министерството за надворешни работи да му укаже поддршка на Груевски што од повеќе аналитичари во Македонија се смета како обид за индиректен судир на Москва со Брисел и Вашингтон.


Можеби ќе ве интересира

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните