29 Септември, 2024
0.0253

Русија трупа резерви од злато

Објавено во: Свет 23 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Русија се обидува да акумулира повеќе резерви од злато како дел од напорите да го преразпредели паричникот од резерви, објави MarketWatch.

Но, со зголемувањето на златните резерви Русија може да се изложи на ризик да поседува средства, чија вредност постојано опаѓа.

"Русија се стреми да иг диверзификува девизните резерви од некое време, но овој процес се забрза поради санкциите против земјата од минатата година", вели Мартина Бозаджиева, шеф на одделот за истражување на Европа, Блискиот Исток и Африка во Frontier Strategy Group.

Во меѓувреме на пазарот на суровини цената на златото падна за десетина последователни седница во среда. Највредниот метал поевтини за 12 долари, или 1,1%, до 1091,50 долари за унца. Цената на златото падна речиси 6,7% во јули и 7,7% за годинава.

Претставникот на руската централна банка Дмитро Тулин изјави во мај дека Централната банка на Русија ќе ги зголеми златните резерви, бидејќи суровината не влијае толку многу од "правни и политички ризици", соопштуваат медиумите.

Падот на цените на нафтата и меѓународните санкции наметнати врз Русија по нејзината инвазија во Украина, влијаеа тешко врз земјата, управувана од претседателот Владимир Путин. Бруто домашниот производ (БДП) на Русија потона за 4,2% во април во однос на истиот период минатата година, откако во мај се намали за 2,7%.

Скорешниот договор со Иран, кој го отвора патот на Техеран кон поголемо производство на нафта, се очекува да натежне уште повеќе врз економијата на Русија, вели Уша Хејли, професор по менаџмент во West Virginia University.

Укинување на санкциите против Иран значи дека наскоро Техеран ќе може да извезува сурова нафта и зголемениот број испораки ќе се одрази врз веќе ранливиот пазар, што силно ќе влијае на Русија во нејзиниот квалитетот на еден од најголемите извозници на суровината.

"Акумулирани резерви од злато може да помогнат да се компензираат појдовни капитални текови од Русија, која се соочува со пад на расположлив приход и потрошувачката поради зголемената невработеност", вели Хејли.

"Земјата веќе држи повеќе злато отколку пред една година, иако ќе биде потребно уште доста време пред општите девизни резерви да се опорават", вели Бозаджиева.

Централната банка на Русија ги зголемила резервите од злато со 350 милиони долари во јуни, кога тие достигнале до 48,229 милијарди долари, покажуваат податоците на банката. Златото претставува 13,3% од сите резерви на крајот на минатиот месец во споредба со 9,7% во јуни 2014 година

Можеби ќе ве интересира

Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток

Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток

СВЕШТЕНИК, ГЛАВА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ, ПОТОМОК НА ПРОРОКОТ - Ова е можниот наследник на убиениот лидер на Хезболах

СВЕШТЕНИК, ГЛАВА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ, ПОТОМОК НА ПРОРОКОТ - Ова е можниот наследник на убиениот лидер на Хезболах

„Неговата смрт го зајакнува отпорот“: Хамас изрази жалење поради убиството на лидерот на Хезболах

„Неговата смрт го зајакнува отпорот“: Хамас изрази жалење поради убиството на лидерот на Хезболах

ХЕЗБОЛАХ ПОТВРДИ - лидерот Хасан Насрала е мртов

ХЕЗБОЛАХ ПОТВРДИ - лидерот Хасан Насрала е мртов

ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ - нема потврда дека Хасан Насрала навистина е убиен

ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ - нема потврда дека Хасан Насрала навистина е убиен

„ЖИВОТИТЕ НИ СЕ ВО МИРУВАЊЕ, ЖИВЕЕМЕ ОД ЧАС ВО ЧАС“: потресно сведоштво на Надим Шехади од Бејрут

„ЖИВОТИТЕ НИ СЕ ВО МИРУВАЊЕ, ЖИВЕЕМЕ ОД ЧАС ВО ЧАС“: потресно сведоштво на Надим Шехади од Бејрут

Дали Вашингтон е способен да ја запре израелската агресија врз Либан?

Дали Вашингтон е способен да ја запре израелската агресија врз Либан?

„Септември месец на македонско-американското наследство“: резолуција со која ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

„Септември месец на македонско-американското наследство“: резолуција со која ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

„ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ НЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“: ДРИ - ги поткопуваат демократијата и првото во блокот

„ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ НЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“: ДРИ - ги поткопуваат демократијата и првото во блокот