Русија тврди дека го зазела Мариупол
Објавено во: Свет 21 Април, 2022
Русија тврди дека го зазела украинскиот град Мариупол.
Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на своите војници да не ја напаѓаат фабриката за челик Азовстал, која е последната база на отпорот на украинските борци во Мариупол. Се смета дека таму има 2.000 украински борци. Наместо тоа, тој им порача херметички да ја запечатат областа, додавајќи дека Русија веќе има контрола врз стратешкиот пристанишен град на Азовското море.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во разговор за француската телевизија BFMTV ја спореди руската блокада на илјадници цивили во разурнатиот Мариупол со терористичка операција. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина.
Русија има четири услови за завршување на војната.
фото Принтскрин
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.