Русија уништи 178 тони јаболка со македонски документи
Објавено во: Агробизнис 25 Мај, 2016 09:12
Над 178 тони јаболка се уништени во рускиот град Ростов по наредба на фитосанитарните власти на Русија, кои откриле дека увозниците имаат фалсификувани фитосанитарни сертификати.
Руските власти го спречиле обидот за реекспорт во Русија на јаболка од земји кои имаат забрана за тоа, а имале документи дека се македонски јаболка, земја со која Русија нема никакви ограничувања. Тие биле товарени во 9 камиони со фитосанитарни сертификати издадени од страна на надлежните власти на Република Македонија. Надлежните руски органи, пишуваат руските медиуми, побарале авторизација на документите од Македонија за да ја потврдат автентичноста на сертификатите. Македонија тоа не го потврди и врз основа на тоа фитосанитарните сертификати биле признати како лажни. Русија поради санкциите кон неа од повеќе земји членки на ЕУ, воведе пропорционални мерки и го забрани увозот на многу производи, особено земјоделски, од тие земји.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





