РУСИН Е НАЈДЕН МРТОВ ВО БЕЛГРАД: Беше жесток критичар на Путин
Објавено во: Балкан 13 Ноември, 2024
Жесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин е најден мртов во Белград. Рускиот новинар и готвач Алексеј Зимин почина на 53-годишна возраст во српската престолнина Белград.
Како што наведува Нова.рс сопственикот на станот го пронашол Зимин на подот без знаци на живот со рана на главата. Според неофицијални информации, сопственикот на станот не можел да дојде до него цели 7 дена, па отишол да види што се случува. За случајот е информиран обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Белград.
Тој беше истакнат критичар на војната во Украина, а претходно објави видео на Инстаграм во кое пее антивоена песна, пишува „Економист“.
Откако објави видео со антивоена песна, неговата руска емисија „Готвење со Алексеј Зимин“ ненадејно беше откажана на мрежата НТВ.
Многу критичари на Путин и неговата инвазија на Украина доживеаја мистериозна смрт.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.