Русин ќе е првиот човек со трансплантиранa глава
Објавено во: Мои пари 10 Април, 2015 20:40
Деновиве беше откриено името на првиот човек кој доброволно се согласи да учествува во операцијата експеримент за трансплантација на цела глава, пренесе The Independent.
Валери Спиридонов ќе биде првиот човек во историјата на медицината, кој ќе ja помине оваа контроверзна операција. Трансплантацијата ќе биде извршена од страна на д-р Серџо Канаваро, кој е оптимист дека со денешните медицински технологии таа е целосно можна.
Согласноста e доброволнa на пациентот болен од ретка генетска болест синдром на Уердинг-Хофман со кој полека се распаѓаат ткивата на мускулите. Спиридонов дознал за истражувањата на д-р Канаверал и доброволно посакал да се подложи на страшна и контрадикторна операција. "Дали ми е страв? Секако дека ми е страв. Многу е страшно, но во исто време е и многу интересно ", изјави Спиридонов пред руски медиуми. "Треба да се разбере дека немам многу опции. Ако не ја искористам оваа шанса, судбината ќе ми биде многу тажна, бидејќи со секоја измината година моето здравје се влошува ", додава тој.
Според д-р Серџо Канаваро, операцијата ќе биде остварена до две години. Други медицински лица изразија загриженост дека е можно постапката да не биде успешна. Во исто време истакнаа дека ако сепак се помине добро, слична трансплантација нема да се прави само ако даден пациент не го сака своето тело и сака ново. Ако операцијата е успешна, таа ќе се применува само на луѓе болни од тешки дегенеративни болести, така што главата им ќе биде трансплантирана на здраво тело од пациент во мозочна смрт.
Такво нешто никогаш не е направено со човек, но д-р Канаваро е сигурен дека со модерната медицина и технологија е сосема можно. Од друга страна, дел од неговите колеги го нарекуваат д-р Франкенштајн.
Можеби ќе ве интересира
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!




