16 Декември, 2025
0.0291

Русите ги губат нервите, стоп за српското овошје?

Објавено во: Балкан 23 Март, 2015 12:53

Добивај вести на Viber

Руската служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола (Росселхознадзор) може да воведе забрана за увоз на овошјето од Србија во април.

Причина за ова е сомневањето за реекспортот на јаболка од Полска.

За можниот прекин на увозот на овошје од Србија соопштил и  прес секретарот на службата Јулија Трофимова. Во саботата од „Росселхознадзор“ соопштија дека имаат значителен раст на испораката на јаболка од Србија за Русија и побарале дополнителни информации за нивното производство од српската страна.

„Имаме сомневање дека пред се во Србија се одржува реекспорт на јаболка. Најверојатно јаболката се полски“, посочува Трофимова. Според неа не треба еднострано да се потврдува тоа, туку мора да се чека на реакцијата од Србија. Во случај Белград да не даде одговор во рок од десет дена, „постои веројатност“ Русија да забрани увоз на овошје од Србија, додава таа.

„Росселхознадзор“ постојано пријавува за значителен раст на испораката од Србија не само на јаболка, и на други плодови и зеленчук. Во почетокот на јануари Русија му понуди на Белград да потпише билатерален документ, со кој се регулираат активностите за обезбедување на безбедноста на снабдувањето на овошјето за рускиот пазар од српска страна.

Увозот на полско овошје и зеленчук за Русија беше забранет на 1 август 2014 година, а како причина за тоа се наведуваат нарушувања во сертификација.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството