18 Декември, 2025
0.0553

Русите најдоа нова можност за заработка-метеоритен туризам!

Објавено во: Свет 22 Февруари, 2013 20:20

Добивај вести на Viber

Секој кој сака да се доближи до паднатиот руски метеорит, има потреба 2500 евра. Летовите, сместувањето, превозот, преведувачот чинат пари, а туристичките оператори од целиот свет побрзаа да ги искористат последните случувања во околината на Урал каде минатата седмица падна метеорит. „Би било грев да не се користи оваа можност", вели регионалниот министер за култура Алексеј Бетехтин, пренесе ДПА. По паѓањето  на метереоритот, одеднаш милионскиот руски град Челјабинск, а особено малото гратче Чебаркул станаа светски познати места. За „реинкарнација" на градот и неговите 40 илјади жители зборува градоначалникот Андреј Орлов. Градот е исклучително среќен што никој не е повреден. Сега Орлов сака да извлече профит од паднатиот метеорит. Бидејќи истражувачите се сомневаат дека центарот во кој падна 10 000-тонскиот метеорит кој се распрска на Земјата минатиот петок, е токму замрзнатото езеро Чебаркул, на 80 километри западно од Челјабинск. Фотографиите од несреќата брзо го обиколија светот преку интернет и дозволија секој да стане сведок на овој редок спектакл на природата. „Луѓето сакаат да дојдат и да го видат местото“, вели Министерот Бетехтин. Градоначалникот Орлов веќе ги повика сограѓаните да размислат како местото може да заработи од настанот. Една од идеите е да се понудат прошетки со чамци до другата страна на езерото. Но, проблем овде е тоа што езерото е исто така важен резервоар на вода за пиење, па еколозите предупредуваат за значителни штети од очекуваните туристички гужви. „Чебаркул не е подготвен за посетители, нема соодветни хотели, инфраструктурата е едвај развиена", велат туроператорите, кои посочуваат дека областа е далеку од „туристичка Мека". Сепак, туроператори од целиот свет се затрупани со барања за посета на местото, а особено висок е интересот од страна на Јапонија. Ова е важен факт за економијата на регионот, па локалната влада веќе најави дека брзо ќе ги среди улиците околу езерото кое може да се користи како одморалиште. Помалку ентузијастички од неочекуваниот наплив на туристи кон Чебаркул се астрономите од локалниот универзитет. Тие стравуваат дека ловците на метеоритни фрагменти ќе си ги земаат парчињата за дома и така науката ќе загуби важни информации. Друг проблем за жителите се и искршените прозорци. При температури под нулата, илјадници граѓани чекаат помош од државата, а многумина стравуваат дека трговците на стакла ќе имаат корист од итната потреба на луѓето, за да ги стават астрономски високи цени за новите прозорци.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина