19 Декември, 2025
0.0477

Русите распродаваат станови на крајбрежјето во Црна Гора на пола цена

Објавено во: Балкан, Економија 03 Август, 2016 11:04

Добивај вести на Viber

Голема понуда, а слаба куповна моќ го условија падот на побарувачката.

Судејќи по бројот на градежни дозволи, кои им се издадени на инвеститорите од почетокот на годината (повеќе од 50) на есен ќе почне нова голема изградба на станови во Будва и нејзината ривиера. Ќе продолжи интензивната градба на нови квадрати наменети на чудниот пазар кој во последно време го губи здивот, пренесуваат балканските медиуми.

За становите во новите, модерни згради, кои ги има најмногу на будванската ривиера, интересот е многу слаб. Новоизградените станбени повеќекатници, на големи површини, со голем број станови, бидејќи слободни плацеви има се помалку, стојат празни и тоа веќе подолго време. Чекаат купувачи, кои оваа лето ги има се помалку.

Големата понуда, а слабата куповна моќ го условиле и нискиот пад на цени, но не многу. Во Будва квадрат оди до 1900 евра за станови малку подалеку од плажа. Кога се плати во кеш. може и уште пониско.

Во понудата има и голем број на вили во  околината на Будва, посебно околу плажата Јаз и во Бечичи. Раскошните куќи со базени, чија површина е од 250 до 300 квадрати, се нудат за 200 000 до 350 000 евра.

Донеодамна најголем интерес имаше од Русите, но тој прилично паднал. Сега, имено, вилите и становите на руските државјани, кои ги купиле во време на бум на инвеститори од 2007-2008 година , ги продаваат по двојно пониски цени.

Во агенциите кои се занимаваат со промент на недвижнини истакнуваат дека економската криза е една од најголемите причини за слаба продажба. Но, тука е уште една причина: нереални цени, кои важеле пред две три години, ги одбиле и оние кои би сакале да тргуваат со станови и вили.

Во времето на екот на руски инвеститори, квадратен метар на стан чинел од 3000 до 8000 евра. Продажбата одела многу добро, па гледајќи можност за голема зарабока, многу интензивно и прекумерно граделе. Таа градба и продажба на станови во Будва и нејзината околина, меѓутоа траела кратко. Слично се случувало и јужно и северно од нејзиниот брег. Наглото повлекување на Русите од станбениот пазар се толкува како политичка причина, пред се со воведувањето на санкциите на Русија и влез на Црна Гора во НАТО.

Во Будва истакнуваат дека е неизвесно кога состојбата ќе биде подобра. Но, поедини сопственици и понатаму тврдоглаво ги држат цените на квадрати кои нема кој да ги плати.

Веруваат дека подобро време, сепак ќе дојде. На друга страна, познавачите на економски прилики предупредуваат дека кризата ќе биде уште подлабока, бидејќи се знае дека поединци кои имаат пари, не сакаат и понатаму да ги вложуваат во недвижнини, поради најавените зголемувања на данок.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен