19 Декември, 2025
0.3976

РУСКА АМБАСАДА „МУ СЕ ФРЛИ“ НА ГРУБИ: Се измеша кризата со мистични сили и вонземјани!

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2016 17:54

Добивај вести на Viber

Руската амбасада не му премолчи на пратеникот и шеф на кабинет на ДУИ Артан Груби кој пред неколку дена во една дебата на Алсат-М изјави дека во Македонија влијаеле некои мистериозни евроазиски сили кои сакале да создадат безбедносни проблеми и да ги дестабилизираат и земјава, и регионот и дека тие стојат зад кризата во земјава.

Станислав Лупин на социјалните мрежи распали по Груби.

„Симптоматично е сепак дека г-дин Груби не наведе никакви конкретни факти кои би ја поткрепиле оваа негова теза, само се повика на некои неименувани “политички истражувања”. Мислам дека со истиот успех човекот би можел да даде изјава на пример за поткопувачки активности во Македонија од страна на вонземјани или пак на некои мистични сили. Се создава впечаток дека ваквите небулози имаат за цел исклучиво да го оттргнат вниманието на граѓаните од вистинското мешање во внатрешните работи на Македонија од страна на извесни западни држави кое се случува веќе повеќе години што отворено го признаваат, па дури и го поздравуваат одделни учесници во истата дебата на “Алсат-М”.  Фрапантни и неспорни факти за таквото мешање, а значи кршење на суверенитетот на Македонија им се добро познати на сите и нема потреба да се спомнуваат пак. Секои избори кога-тогаш завршуваат. Убеден сум дека обидите на одделни политичари по секоја цена да го привлечат вниманието на избирачите, па дури и на најекстравагантен начин, да бараат објаснување за актуелната криза во Република Македонија со активности на некои си таинствени “евроазиски сили”, соодветно ќе бидат сфатени од граѓаните со здрав разум и смисла за хумор“, стои во соопштението, потпишано од портпаролот на Станислав Лупин, руски амбасадор во Р.М.

Груби пак го возврати ударот, гледајќи на реакцијата како неважна, вели дека не знае зошто руските власти почувствувале дека тие се прозвани да одговорат на неговото интервју.

„Како што велат нашите предци, Албанците, сонцето заоѓа на запад, така и ние остануваме посветени да се донесе оваа национална цел да се интегрираме во целина во НАТО и во Европската унија“, напиша Груби на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки