РУСКАТА ГУВЕРНЕРКА СЕ ПОЖАЛИ НА ВИСОКА ИНФЛАЦИЈА: Мораат да реагираат, ама рубљата ќе слабее
Објавено во: Економија 05 Декември, 2024
Расте инфлацијата во Русија.
Гувернерката на Централната банка на Русија, Елвира Набиулина, денеска ја спореди високата инфлација со треска кај пациент и изјави дека економскиот раст со таква инфлација може да биде нестабилен. Вели дека Банката на Русија мора да реагира на растот на инфлацијата во земјата за таа да не се забрза, што би влијаело и на слабеење на рубљата, пишува „Комерсант“.
„Тоа е како човек да има висок пулс кога трча на долги патеки – може да трчате на кратко растојание со висок пулс, но доста е тешко да се истрча на долго растојание така. Инфлацијата е како висока температура кај човекот и знак на одредени болести“, вели Набиулина.
Рече дека постепеното намалување на инфлацијата во Русија до посакуваните четири проценти ќе трае во текот на следната година, а делумно во текот на 2026 година, нема да исчезне само по себе. Министерството за економија неодамна информираше дека годишната стапка на инфлација во таа земја на крајот на ноември изнесувала 8,78 отсто. И валутата неодамна падна на рекордно најниско ниво во однос на доларот и еврото од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година.
foto freepik.com/kos-51