ДУБАИ И СЀ Е МОЖНО: Се градат два нови облакодери, ќе ги поврзе мост со базен
Објавено во: Економија 27 Декември, 2024
Архитектонското студио Foster + Partners дизајнираше два станбени облакодери високи 180 метри со „ултра пентхаус“ во Дубаи. Ќе се вика Regnet Residences Dubai, а два пентхаус на врвот на овие две згради ќе бидат поврзани со базен.
Бидејќи овој пар облакодери е инспириран од каскадни водопади, базените се дизајнирани така што на оние што ги гледаат однадвор, ќе им изгледа како водата да тече по зградите.
И сето тоа благодарение на приватните базени на терасите кои ќе се вртат околу фасадата создавајќи ваков визуелен ефект.
Изградбата е планирана за Марина Мараси во областа Бизнис Беј во Дубаи, а погледот од луксузните апартмани ќе биде кон највисоката зграда во светот - Бурџ Калифа.
Секоја кула ќе има по 30 апартмани. Сопственикот на луксузен пентхаус на врвот на облакодер ќе има дом кој ги опфаќа двете кули. Тоа значи дека на највисоко ниво двата стана ќе бидат поврзани со базен.
Исто така, се очекува да има многу зелени површини, водни карактеристики, спортски сали, ресторани и малопродажни места пред облакодерот.
Форбс.рсФото: fosterandpartners.com