Руската војска добива 50 нови интерконтинентални ракети
Објавено во: Свет 31 Јануари, 2015 08:55
Руската војска ќе обезбеди 50 интерконтинентални балистички ракети оваа година, рекол началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов.
Со ова руската војска ќе го задржи високото темпо на модернизација и покрај бавниот раст на економијата, пренесува АФП.
Оваа изјава на Герасимов следела после моментот на растечките тензии помеѓу Русија и Западот околу Украина, каде борбите на проруските сили и украинската војска повторно овој месец се зголемиле после релативно мирниот период.
Герасимов рекол дека модернизацијата на оружјето би требало да спречи САД и НАТО да остварат воена надмоќ во однос на Русија.
Тој навел дека развојот на стратешките нуклеарни сили е главен приоритет.
Герсимов нагласил дека Русија развива и прецизно конвенционално оружје на далек домет како одговор на американскиот програм Брз глобален удар.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




