05 Декември, 2025
0.0710

Руски фирми подготвени за соработка во земјоделство

Објавено во: Агробизнис 19 Ноември, 2012 19:27

Добивај вести на Viber

Бизнисмени од Македонија и Тамбовската област од Руската Федерација денеска присуствуваат на бизнис форум и би-ту-би средби во Стопанската комора на Македонија. Претставниците на компаниите од Тамбовската област ќе посетат и  неколку конзервни фабрики во Гевгелија и во Струмица заради евентуално склучување на договори за извоз на конзервирано овошје и зеленчук.

- Република Македонија и Тамбовската област по територија и по население се многу слични. За нас е многу интересно да соработуваме пред се во винската, конзервната и дел од лесната индустрија. Би сакале на Македонија да и понудиме шекер, пченица и сончогледово масло, изјави претставникот од Тамбовската област, Владислав Михајлович Јуриев.

Директорот на Македонско-Руската стопанска комора, Дејан Бешлиев нагласи дека трговската размена меѓу Македонија и Руската Федерација годинава бележи пад од околу 40 отсто во однос на лани.

- Тоа пред се должи на европската криза. Наша задача како Комора е да ги отвориме патиштата за извоз во Руската Федерација за што сметам дека имаме прилично добри шанси. Токму денешната посета на бизнисмени од Тамбовската област е резултат на таквите активности, изјави Бешлиев.

Тамбовската област е федерален регион во Русија, се наоѓа околу 460 километри јужно од главниот град, еден од главните центри за нанотехнолошки иновации. Според пописот од 2002 година, во оваа област живеат 1,2 милиони жители. Административен центар е градот Тамбов.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?