Руски генерал им порача на НАТО земјите што не смеат да прават во Украина
Објавено во: Свет 15 Септември, 2025 18:03
Генералот-полковник на Руската Федерација, Владимир Попов изјави дека Русија нема да им дозволи на државите од Северноатлантската алијанса да воспостават зона на забрана за летање над Украина, пренесе Info24.
„Полска и другите држави на НАТО немаат право еднострано да воспостават зона на забрана за летање над територијата на Украина. Формално, може да склучат некаков договор со Киев за помош од државите членки на НАТО, но тоа според меѓународното право ќе биде сметано за диверзија. Тоа, односно, би претставувало незаконска употреба на сила против Русија, што ние нема да го дозволиме“, истакна Попов.
Рускиот генерал додаде и дека обидите на сојузничките земји да соборуваат руски дронови над украинското небо ќе доведат до одмазда од Москва. Според неговите зборови, вооружените сили на Русија ќе почнат да ги уништуваат противвоздушните системи директно на територијата на тие држави.
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски рече дека Варшава и нејзините сојузници треба да го разгледаат прашањето за создавање зона на забрана за летање над украинска територија. Според неговите зборови, за оваа тема земјите од НАТО веќе повеќепати расправале, но не успеале да донесат позитивна одлука.
Сикорски нагласи дека Полска може да соборува дронови над украинска територија доколку Киев тоа го побара, но дека овој проблем бара учество и од други сојузнички земји. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




