РУСКИ НАПАД НА УКРАИНА: Загина познат професор
Објавено во: Свет 05 Јануари, 2025
Русите жестоко ја бомбардираа Украина.
„Седум луѓе се ранети, а станбени објекти и болница се оштетени во руски воен напад со наводени авио бомби во местото Семенивка во Черниговската област“, објави началникот на Черниговската обласна воена управа, Вјачеслав Чаус на Фејсбук, пренесува Укринформ.
Вели дека Русите синоќа фрлија 4 наводени авионски бомби на пограничниот град Семенивка. Го гаѓале централниот дел. Седум лица се ранети и укажана им е помош. Оштетени се станбени објекти, болница, управна зграда, кафуле, како и цивилни автомобили.
Во нападот загина и Алексеј Хаљонка, 72 годишен професор, педагог и филолог, кога неговата куќа ја погодила ракета. На настраданиот професор веќе во 2022 година му е уништена семејната куќа, заедно со личната библиотека од 4.000 книги и други работи. Од тогаш живеел на истиот имот во мала куќичка. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. Украинскиот претседател Володимир Зеленски се надева дека во 2025 година војната ќе заврши.