18 Декември, 2025
0.0699

РУСКИ ПЛАН: За две години можеме да го отфрлиме доларот!

Објавено во: Свет 01 Октомври, 2014 11:04

Добивај вести на Viber

На Русија би и биле потребни две-три години за да почне сите свои меѓународни обврски да ги подмирува во рубљи, вели првиот човек на втората по големина руска банка. Претседателот на банката ВТБ Андреј Костин вели дека за овој период можат да се покренат сите потребни механизми и дека единствено прашање е колку банките се подготвени да го преземат ризикот, бидејќи актуелното политичко раководство би поддржало таков потег. Костин за оваа мерка се залага веќе десет години, па руските медиуми тврдат дека неговата изјава не е директно поврзана со одоговр на официјална Москва кон санкциите од САД и ЕУ. „Не најдов на разбирање за ова прашање со претходното раководство на Централната банка пред 10 години. Тие веруваа дека, со оглед на тоа што доларот ја вршеше работата, не треба да правиме ништо и дека исплатата во рубљи само ќе носи непотребен ризик. Но, со новото раководство, ставот на Централната банка се промени и мислам дека сме на пат да го направиме првиот голем чекор“, вели Костин. Истовремено, САД и ЕУ расправаат за заострување на санкциите кон Русија, воведени заради кризата во Украина, а едн аод мерките би можела да биде и исклучување на оваа земја од глобалниот СВИФТ систем за меѓународен трансфер на пари. „Тоа би била точка без враќање и секој понатамошен дијалог ќе биде невозможен ако тоа се случи. Не знам како Западот може да очекува да ни го блокира СВИФТ, а да очекува да добие поддршка во борбата против тероризмот или нуклеарното разоружување. Ако го погледнете Иран, СВИФТ се гаси кога ќе пропаднат сите останати односи - политички, економски, културни и дипломатски“, вели Костин. Тој сепак не смета дека ваквиот чекор би и нанел голема штета на Русија, затоа што земјата веќе имала разработен резервен систем „на кој може да се префрли во секој момент“.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина