19 Декември, 2025
0.1373

Рускиот амбасадор во Тирана: Москва ќе ја спречи појавата на Голема Албанија!

Објавено во: Балкан 03 Јули, 2015 13:31

Добивај вести на Viber

Амбасадор на Руската Федерација во Тирана - Александар Карпушин, тврди дека една од главните задачи на Москва во регионот на Балканот е да го спречи концептот за создавање на Голема Албанија. Тоа го изјавил тој во интервју за албанската телевизија „Top Channel TV“.

„Проблемот „Голема Албанија“ постои. Наша клучна задача е да ја спречиме нејзината појава. Ние знаеме дека Балканот е регион во кој постои голем потенцијал за појава на воен конфликт. Ние го прифаќаме за наш предизвик тоа за да спречиме таков конфликт во регионот“, тврди Карпушин.

„Кога патувам во Македонија и ги гледам домовите на албанската заедница, јас гледам дека тие обично изгледаат многу подобро од блоковите во кои живеат Македонците и другите Словени. Тоа значи дека Албанците се вредни работници, амбициозни се и затоа живеат во подобри услови. Но сум убеден дека не се во право да се жалат дека нивните права не се почитуваат“, вели рускиот амбасадор за албанската телевизија.

Карпушин коментирал и на темата за независноста на Косово. Тој тврди дека е среќен да види дека има напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина, изразувајќи верување дека тоа е вистинскиот пат.

Поглаварот на руската дипломатска мисија во Албанија, тврди дека ако Србија го признае Косово, Русија исто така е склона да промени својата одлука, во овој момент цврсто негативна позиција.

„Кога Србија ќе го признае Косово, сигурен сум дека Руската Федерација исто така ќе ја промени својата позиција. Додека Србија доживува предрасуди, нашата позиција е јасна. Со Србија имаме многу стари историски врски и нашата визија за иднината е да ги развиваме и одржуваме пријателските односи меѓу двете земји“, додал  уште амбасадор на Руската Федерација во Република Албанија.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен