Руските тајкуни ги враќаат парите дома - Планот е генијален
Објавено во: Финансии 07 Декември, 2017 08:12
Во Русија наскоро ќе започне еден обратен тренд на враќање на огромни количини на средства наместо нивно преселување на пазарите ширум светот. Заканата од нови американски санкции насочени кон рускиот бизнис ќе натера голем број на руски тајкуни да го повлечат инвестираниот капитал со цел да не се доведат во ситуација средствата да им бидат замрзнати како што тоа знае да го побара американската влада преку наметнатите санцкии.
Затоа тајкуните и богатите руски инвеститори повеќе не се чуствуваат премногу сигурно во нивните инвестиции во странство, особено во земји кои лесно би ги прифатиле американските барања за нови санкции и би примениле строги економски политики кон руските бизнис.
Сепак, за тајкуните проблем е што руската рубља е многу поскапа односно нејзината цена вештачки беше одржувана по наредба на Путин за да не трпи огромни штети домашната економија во ек на санкции. Затоа тајкуните ќе побараат од руското министерство за финансии да издаде нова поволна еврообврзница која тие би ја купиле, односно ќе имаат гаранција дека вредноста на средствата со кои располагаат ќе биде задрржана.
На овој начин и руската држава политички нема да биде гневна бидејќи ќе се поддржи еврото како основна валута за размената на пари, а не американскиот долар за кого Русија прави големи напори целосно да ја намали зависноста, па дури и да им нанесе загуби на САД.
Бизнисмените од Русија бараат еврообврзницата да вреди околу 3 милијарди евра за да може да си ги повлечат своите пари назад во татковината.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





