18 Декември, 2025
0.0553

РУСКИТЕ ВАКЦИНИ МОЖНО Е ДА ПРИСТИГНАТ ВИКЕНДОВ: Сложените процедури, одлуките и дозволите на партнерите го забавија процесот, кажа Филипче

Објавено во: Македонија 05 Март, 2021 06:54

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство, Венко Филипче посочи дека имунизацијата на населението сигурно ќе биде во текот на овој месец, ако се водиме според најавите и на производителите со кои сме во директни преговори, но и според најавите од Ковакс механизмот.

Во синоќешната емисија „И што сега“ на МРТВ, тој истакна дека вакцините од Русија, Спутник V, можно е да се случи да пристигнат во земјава уште во текот на викендов. Уверуваше дека не постојат никакви пропусти во административните процедури од македонска страна, напротив, како што рече, набваката на вакцини во цел свет оди тешко, околу 120 земји воопшто не почнале вакцинација, во светски рамки постојано се менуваат плановите за достава на вакцини. 

-Ги очекуваме вакцините преку КОВАКС системот, и ги очекуваме и руските вакцини имаме иницијална најава од денешните состаноци дека тоа може да се случи викендов. Но потенцирам дека сега имаме искуство, и сите земји имаат искуство, сите се соочија со тоа, односно тоа што иницијално им беше ветено и укажано од компаниите едноставно не се случи. И механизмот на солидарност на земјите членки на ЕУ не профункциниора токму поради тоа. Австрија на пример од планираните 230 000 дози за месец јануари, доби 23 000. Бугарија бара вакцини од Германија, но веќе во вториот квартал производствените капацитети на фабриките значајно се зголемуваат и мислам дека огромен број земји ќе го решат проблемот со почетокот на имунизацијата - рече министерот.

Филипче потенцираше дека од самиот почеток сите постапки и набавки кои зависеа од нашите институции беа направени во најкус можен рок, како што и во најкус рок ги доставивме сите барања, документи до сите компании, институции со кои комуниицраме и од кои зависи набавката на вакцини. Значи воопшто не станува збор за некаков застој заради наша неподготвеност, туку заради едноставно сложените процедури, одлуките и дозволите на партнерите, објасни министерот.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми