Русковска: За советот што ја донесе одлуката за куќен притвор, ќе отвориме финансиска истрага
Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2019
Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска за „А1он“ по одлуката на апелационите судии кои ја пуштија обвинетата Катица Јанева во куќен притвор, најави дека ќе спроведе финансиска истрага за нив.
„Решението за Јанева не сме го добиле.
Но, ние дадовме негативно мислење. За
советот што ја донесе одлуката за куќен
притвор, ќе отвориме финансиска
истрага. Со вакви судии нема место во
ЕУ“, рече Русковска за „А1он“,
разочарана од одлуката на
второстепениот суд.
Jaнева попладнево замина во домашен притвор.