06 Декември, 2025
0.0306

РУЖИЦА ГО СПОДЕЛИ ИСКУСТВОТО: Еве колку може да заработите на брод

Објавено во: Финансии 21 Јануари, 2018 09:06

Добивај вести на Viber

Заминувањето на брод e работа од соништата за многумина, пред се млади. Едни веруваат дека тоа е одличен начин за брза заработка, други во тоа гледаат единствен начин да патуваат но и засекогаш да останат во странство. Меѓутоа, малку се зборува за тоа колку се работи на бродови, но и колку навистина може да се спечали.

Одговорот, барем за делот околу платите е ист како и за повеќето работи во странство - ќе заработите онолку колку сте подготвени да работите. За оние кои го потпишат првиот договор просечната месечна плата е од 1000 до 1200 долари. Како се напредува, платата расте, а за просечен договор кој трае шест месеци може да се заработат до 7000 евра. Количината на заработени пари значајно се менува и во однос на тоа за која позиција аплицирате. Препораката на многумна кои зад себе имаат неколку сезони на брод е да барате работа на бармен, посебно ако сте на голем брод бидејќи додека храната е пресметана во цената на аранжман пијалокот се плаќа и остава можност за бакшиш, а некаде и работа на процент.

Заработката зависи и од тоа дали ангажманот е на прекуокеански или речен брод.

Прекуокеани воглавно во лето пловат по Европа за да потоа тргнат на Карибите или кон Мексико.Работодавците на нивните вработени им нудат договори на подолг период, а исплатата е во долари. На речните бродови воглавно се добива фиксна плата, а бакшиш се дели меѓу вработените и нјаголема разлика прави тоа за која компанија работите-ако гостите се Американци тогаш може да сметате на добар гратис, додека како се сведочи Европјаните обично се помалку дарежливи.

-Со добра организација се може да се постигне. Парите и почитта кои таму ги добиваш не може да се спореди со она што се работи кај нас. Најлошо сепак е што немаш слободен ден толку месеци. Но, го прифатиш тоа во глава и продолжуваш со работа. Мислам дека тој психички момент е потежок, раскажува Ружица од соседството која после три шест месечни договори успеала да заработи и да си купи стан во Белград.

Заработката на речни бродови е нешто помала, но условите за работа се подобри и договорите се на пократок период. Меѓутоа, често еден од условите е познавање на италијански, германски или англиски јазик.

Се работи од 10 до 13 часа дневно, и воглавно цела недела, без слободен ден. 

Интересно е и тоа дека ако прв пат почнувате со ваков вид на работа на некој брод и буквално тргнувате од нула без разлика дали сте имале работно искуство или не. За почетници се резервирани најниските позиции, а потоа се зависи од тоа како ќе се покажете.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција