04 Декември, 2024
0.0261

Сабота е пазарен ден, надвор сончево, а јагнешкото евтино: што треба да се направи пред Велигден?

Објавено во: Агробизнис 20 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Цената на јагнешкото месо оваа година пред велигденските празници ќе биде пониска во споредба со ланската цена. Ако лани килограм јагнешко месо по маркетите чинеше  од 350 до 400 денари, во моментов цената во малопродажба  е околу 299 денари за килограм. Од месарниците коментираат дека во шпицот пред Велигден, можно е цената за нијанса да биде над сегашните 299 денари, но сепак нема да биде како минатата година. Ваквата состојбата на пазарот е поради конкуренцијата која држи ниска цена, објаснуваат од месарниците, но дека и слабата финансиска моќ на граѓаните си го напаравила своето. И покрај тоа што заработувачката ќе биде помала во споредба со минататите години, ќе го продаваме со пониска цена само колку да го има, коментираат од поголемите месарници. Исплатливоста е минимална ако се има во предвид дека месарниците од кланиците јагнешкото го откупуваат од 270 до 280 денари за килограм. Од друга страна, и покрај пониската малопродажна цена, дел од граѓаните велат дека и оваа цена во време на песпарица е висока за нивниот џеб,  па на трпезите за Велигден јагнешкото да го има во изобилство. -Како и секој Велигден така и овој ќе купиме онолку колку што треба да се одбележи традицијата, некој килограм. Лани беше поскапо јагнешкото, но да видиме и сега пред Велигден колку ќе биде. Ама што да правиме за празник ќе купиме малку за една скромна трпеза, вели еден граѓанин. Засега нема проценки, со каков профит ќе завршат месарниците овој Велигден. Некои очекуваат поголема продажба поради пониската цена, но други пак поради економската криза очекуваат и послаб профит од минатите години. Јагнешкото важи за месо кое речиси секогаш држи висока цена. Ако голем дел од македонците најмногу го купуваат само за Божиќ и Велигден, хрватите на пример речиси секој викенд на трпезите имаат јагнешко месо. Па македоснките месарници еднствено трјат раце од продаажбата на јагнешко, само за овие два празника. Потфрли извозот на јагниња Извозот на јагниња за католичкиот и сега за православниот Велигден, е најлош досега коментираат упатените во бизнисот. Од состојбата со извозот се разочарани и сточарите и голем дел од кланиците. Според податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство, од почетокот на годината досега од Македониа се извезени 1.621 тон јагнешко месо и 166.995 јагниња. Овие количини се драстично помалку од лани кога од земјава биле извезени 2.526 тони јагнешко месо и 291.834 цели јагниња, но и уште помалку од 2010 година кога од Македонија за странските пазари се извезени 3.068 тони јагнешко и 317.174 јагниња. Најголем дел од јагнињата како и минататите така и оваа година се извезени на грчкиот, италјанскиот и хрватскиот пазар. Од кланицата “Серта” велат дека извозот сеуште трае, но дека споредено со минатата година, состојбата не е добра. - Оваа година извозот на јагниња е послаб во споредба со лани, и мислам дека за тоа дел има влијание економската криза, а дел и тоа што нашите сточари сеуште имаат потешки јагниња од она што го бара странскиот пазар. Се извезува за истите пазари како и минатите години, вели Ристо Михајлов од кланицата “Серта”. Дел од кланиците велат дека голем дел од јагнињата оваа година ќе останат во домашните бачила. Коменираат дека и пред католичкиот Велгден биле извезени симболички количини за Италија, а сега има минимален пласман за грчкиот пазар. - Конкуренцијата е многу голема. Откупната цена на бугарското, романското и грчкото јагне е 1,80 преку сила 1,90 ева за килограм жива мера. Ние на одгледувачите на овци годинава им плаќаме по 130 денари или 2,20 евра за килограм. За 30 центи кои не успеавме да ги симнеме, целото јагнешко ни остана дома. Сега се чека Бугарија и Романија да ги потрошат залихите со пониска цена за да може да се реализира некаков извоз од Македонија, вели Александар Ричлиев, од кланицата “Струмица”. Во целата ситуација најпогодени повторно се сточарите. Цената на добиточната храна драстично поскапе, а од друга страна како никогаш дпсега падна откупната цена на јагнињата. Иако лани летото Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство заедно со Владата најавија дека поради недостигот и скапата добиточна храна, ќе им помогнат на сточарите преку продажба на поевтин јачмен од стоковите резерви, од ветувањето сеуште нема ништо. А дополнително дел од нив сеуште немаат земено и субвенции за овците. -Килограм јачмен сега чини од 19 до 20 денари, лани беше од 13 до 14 денари, а концентратот е 27 денари за килограм. Ни ветија од ресорното министерство дека ќе ги отворат стоковите резерви за јачмен, еве уште ништо нема. Ние оваа година сме во зијан, нема заработка со откупна цена од 130 денари за килограм. Минатата година јагнињата се откупуваа по 180 денари за килограм. Никогаш состојбата не била толку лоша, и никогаш јагнињата немале толку ниска цена, вели Меџит Алити, претседател на здужението на одгледувачина овци “Шар Планина”, Тетово Добро упатени извори за Фактор коменитраат дека причината за годинешната екстремно ниска откупна цена на јагнињата, е создавањето на монопол од страна на некои од македонските кланици, кои поврзани со увозниците од Италија, диктирале од каде ќе се врши откупот и по која цена. Од овчарство девизен прилив до 15 милиони евра Овчарството е една од извозно ориентираните земјоделски гранки, од која во земјава годишно влегува девизен прилив од 11 до 15 милиони евра. Познавачите велат дека со искористување на природните ресурси и со зголемување на бројот на овци, девизниот прилив би достигнал и до 40 милиони евра годишно. Околу 85 отсто од македонското јагне оди во земјите од Европаката унија, односно во Италија и Грција, помали количества се продаваат во Хрватска (која станува значаен растечки пазар), Србија и Црна Гора, како и Кипар, генерално во безцаринска квота. Во ланскиот годишен извештај за земјоделство и рурален развој на МЗШВ, стои дека иако, македонскиот извоз во ЕУ е ослободен од давачки за увоз, сепак, истакнатото „Македонско јагне“ во моментот е под закана како резултат на воведување и мешање на различни раси. Поради тоа, станува сé потешко да се произведе униформно-непроменливо заклано јагне со потребните квалитети. Во однос на бројот на овци, во извештајот стои дека и покрај погодните географско-климатски услови со над 54% пасишта од вкупната земјоделска површина, овчарството бележи тренд на постојано намалување . Според статистичките податоци во 2008 година имало 817.000 овци, во 2009 година бројката е намалена на 755.000 овци, 778.000 овци имало во 2010 година а во 2011 година вкупниот број на овци изнесува 766.631 грла. Овие бројки се поразителни, ако се има во предвид дека некогаш во македонските трла имало два милиони овци. Ј.С

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.