САД бара без одлагање да се формира Влада
Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2017 21:05
Нови апели за брзо формирање на Влада стигнаа денеска од Американското министерство за надворешни работи.
Стејт департментот ги повика македонските лидери да формираат нова влада без одлагање.
“Заедно со нашите партнери од НАТО и ЕУ, САД одблиску го следи формирањето на владата во Македонија по изборите на 11 декември 2016 година.
САД ги повикува македонските лидери да формираат нова влада без одлагање, на начин кој е во согласност со Уставот и македонските аспирации да влезе во ЕУ и НАТО. Формирањето на новата влада во согласност со владеењето на правото и примената на неопходните реформи ќе помогнат за заврши политичката криза која создаде големи тешкотии во демократскиот и економски развој на земјата и нејзината евро-атлантска интеграција.
„Бараме од сите партии да го стават интересот на Македонија и нејзините граѓани пред било што друго, да работат заедно и целосно да го применат она на што се обврзаа во договорот од Пржино”, порачуваат САД.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




