18 Декември, 2025
0.0611

САД без договор за должничкиот праг

Објавено во: Свет 24 Февруари, 2013 11:58

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Барак Обама значително ја засили политичката кампања за спречување на ударот предизвикан од должничкиот праг, кој е предвидено да се случи на 1 март.

Претседателот предупредува за закани за безбедноста на авио-сообраќајот, можно пуштање на душевно болни лица на улица и други сериозни проблеми доколку поделениот Конгрес не успее да постигне договор да се крене должничкиот праг – највисоката граница на долгот која е поставена на 16,4 трилиони долари и која веќе е надмината.

Членови на Кабинетот на Обама и прес-службите на разните министерства секојдневно информираат за проблемите кои им се закануваат доколку не биде постигнат договор, и на 1 март се активираат автоматските кратање на буџетот во износ од околу 85 милијарди долари од армијата, социјалните програми и огромен број на државни агенции.

- Штетните автоматски кратења на буџетот, познати како секвестер, ќе стапат во сила, заканувајќи се на илјадници работни места и кратејќи клучни услуги за децата, постарите, луѓето со ментални заболувања и нашите мажи и жени кои носат униформа, предупредува Белата куќа.

Реј ЛаХуд, секретарот за транспорт, најави дека кратењето ќе се однесува на 600 милиони долари од Сојузната авионска администрација, што ќе предизвика застои на аеродромите и затворање на 100 контролни кули. Секретарот за одбрана Леон Панета побара од Конгресот да не дозволи да дојде до ова кратење на буџетот.

- Се надевам дека Конгресот нема да дозволи да се случи секвестерот. Тоа би било, искрено, срамен и неодговорен чин на политичка дисфункционалност. Американскиот народ со право ќе биде гневен на луѓето избрани на функции кои ни нанесуваат штета, изјави Панета. Секретаријатот за одбрана на брифинг за новинарите на кој најавија дека стотици илјади цивили вработени во администрацијата на вооружените сили се подготвуваат за принуден одмор, а носачот на авиони Хари С. Труман и крстосувачот Гетисбург, што требаше да бидат распоредени во Персискиот Залив, остануваат во пристаништата Норфолк и Мејпорт, поради неизвесноста дали воената морнарица ќе има средства на располагање да ги испрати на терен.

Во меѓувреме, законски предлог за надминување на кризата нема. Од страната на Републиканската партија, која има контрола врз Претставничкиот дом кој мора да одобри какво било решение на должничката криза, доаѓаат најави дека во тој случај, автоматските кратења на буџетот ќе се случат. Републиканците укажуваат дека кратење на 85 милијарди од годишен буџет од 3,5 трилиони не е голема сума, како и дека, и со овие кратења, буџетот за 2013 година ќе биде повисок од минатогодишниот.

- Расходите на цивилниот персонал во Секретаријатот за одбрана во 2012 година беше дури 21 процент повеќе во однос на 2002 година, но воената морнарица вели дека е принудена да го крати буџетот така што мора да го одложи испраќањето на носачот Труман? Морнарицата не може да најде други, помалку важни програми кои ќе ги скрати? Со ова влегуваат во политичка кампања на вршење притисок врз Конгресот, поради која конгресмените треба особено внимателно да го прочешлаат буџетот на воената морнарица, напиша конзервативниот колумнист Џорџ Вил.

Кратењата на буџетот беа договорени во 2011 година, кога демократите и републиканците не можеа да постигнат поинаков договор за кревањето на прагот на задолжување. Кратењата се намерно поставени така да навлезат во програми важни за двете партии, за да се натераат политичарите од левицата и од десницата да седнат и да постигнат договор. Но, бидејќи минатогодишните избори не и донесоа целосна победа на едната од страните, поделбата продолжи. Републиканците бараат кратење на буџетот и огромниот државен долг, што претседателот Обама и демократите го одбиваат. Место околу буџетски решенија, двете страни се караат околу тоа чија идеја била воопшто да се постигне договорот од 2011 година, за автоматските буџетски кратења. Обама ги обвинува републиканците за овој предлог, но легендарниот политички репортер на Вашингтон пост Боб Вудвард го обвини Обама, и новиот секретар за финансии Џејк Лу, дека секвестерот всушност првпат бил предложен од страна на Белата куќа.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина