20 Декември, 2025
0.0670

САД донираше возила, опрема и оружје за македонската Армија

Објавено во: Мои пари 13 Декември, 2013 20:17

Добивај вести на Viber

Oпрема вредна 6 милиони долари од САД доби денеска македонската армија. Донирани се возила, оружје, радио предаватели, како друга тешка опрема. Ова, за министерот за одбрана Талат Џафери, е само продолжување на досегашната поддршка која САД ја дава уште од 1996 година. „Опремата што е пред нас е само дел од севкупната донација, односно средствата кои се пристигнати во 2013 година, а чија вредност изнесува 6 милиони долари“, рече Џафери. Целокупната помош од САД за АРМ одамна ја надминува сумата од 100 милиони долари. Министерот ја истакна цврстата определба на Министерството за изградба на армија со која Македонија ќе застане, како што кажа рамо до рамо, со сојузниците, а со своите капацитети ќе придонесува како и досега за безбедноста и стабилноста, како на регионално така и на глобално ниво. Пол Волерс, амбасадорот на САД во Македонија, посочи дека со задоволство помагаат во трансформација на силите на АРМ. „Опремата не се однесува само на обезбедување на возила, оружје, радија и или друга тешка опрема. Таа се однесува на зголемување на интероперативноста преку заеднички платформи“, истакна Волерс.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии