САД ги обновија препораките за патување во Македонија
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 13 Јули, 2021
Граѓаните на САД можат безбедно да патуваат во земјава.
Центрите за контрола и превенција на болести укажаа на ниско ниво на коронавирусот во земјава и на понизок ризик за зараза или развој на тешка форма на болеста за оние кои се целосно вакцинирани со вакцини одобрени од Агенцијата за храна и лекови на САД, јави дописникот на МИА од САД. Тие синоќа ги обновија препораките за патување во Македонија до ниво 1. Тоа значи дека важат стандардни мерки за безбедност при патување со вообичаена внимателност.
Претпазливите мерки се обновени и спуштени на ниво 1 за Македонија, како и за Бермудите, Габон и Романија.
Во земјава имаме 197 активни случаи на коронавирусот.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.