Добивај вести на Viber
Министерот за финансии на САД, Џек Лиу вели дека Јапонија има проблеми со растот кои треба да ри реши, но обидите да се стимулира економијата треба да останат во рамките на меѓународните договори. Тој прецизираше и дека САД ќе ги следи за сите вештачки манипулации во однос на јенот.
Ова се случи за време на средбата на министрите за финансии на земјите од G7 во Лондон. За време на средбата германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека девизните курсеви биле предмет на дискусија и дека Јапонија е обврзана да преземе повнимателен пристап кон управувањето со јенот.
Претходно јенот достигна 4-годишен минимум во однос на американскиот долар во петокот. Тоа ја помина психолошката граница од 100 јени за долар. Во однос на еврото, јапонската валута достигна 3-годишен минимум.
Поради ова доаѓаат и стравувањата дека Јапонија прави напори за раст на извозот - нешто што може да ги спречи другите региони да го постигнат предвидениот раст.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.