05 Декември, 2025
0.0453

САД и Глобализацијата…

Објавено во: Анализа 06 Април, 2013 09:28

Добивај вести на Viber

САД се веројатно кај секој од нас симбол на глобализацијата. Капитализмот и глобализацијата одат рака под рака, па така логично е да претпоставиме дека САД се лидери на овој процес во светот. Еве и неколку интересни факти на ова поле: -Кока Кола е толку многу раширена низ светот, што разни хуманитарни организации бараат да ја користат нејзината мрежа со цел да дистрибуираат помош населението на погодените земји -Мекдоналдс е еден од најпознатите брендови во светот  кој го во неверојатни 122 земји. Дури и постои теорија дека земјите каде има Мек не влегуваат во војна. Не сме ја провериле но ова може да е малку претерано -Вол Март е најголемиот недржавен вработувач во светот. Единствено повеќе луѓе работат во Американската и Кинеската армија Заклучок? Америка мора да е добра во Глобализацијата. Или не? Според податоците кои ќе ви ги презентираме одговорот е НЕ. Еве и зошто: -Растечките пазари произведуваат 36% од се што се прави во светот - Во растечките пазари живеат 82% од претплатниците на мобилни телефони - 46% од светската трговија на мало се случува во растечките пазари - Овие пазари се најголеми потрошувачи на нафта и железо - 52% од продадените возила во светот се продаваат на овие пазари И уште еден интересен податок е дека 100те најголеми фирми на западот остваруваат 17% од нивните проходи на растечките пазари, што би рекло ги користат птенцијалите кои тие ги нудат, додека америнаските фирми остваруваат само 7% од нивните приходи од тој дел на светот. Сепак има причина за ова. Пред се Америка е огромна земја која е потрошувачки настроена. Со најголем БДП во светот и со големина од 300 милиони жители, нема толкава потреба да се отвара кон светот, од аспект на барање на нови пазари. Втората причина е што според некои економисти амерканските компании прават стандардизирани производи за цел свет, што некогаш не е добро. За разлика од американците велат дека на пример кога настапувате во Бразил ви треба стратегија само за одреден дел од Бразил. Американците се научени да прават стратегија за цела држава. И третата причина е дека САД немале колонии. Поради тоа низ времето не успеале да воспостават трговски односи како што на пример Франција и Британија имаат со Азија и Африка.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?