18 Декември, 2025
0.0753

САД се подготвени да распоредат тешко оружје во Источна Европа

Објавено во: Свет 14 Јуни, 2015 12:12

Добивај вести на Viber

Како значаен чекор за да запре евентуална руска агресија во Европа, Пентагон е подготвен да распореди тенкови, пешадиски борбени возила и други тешки оружја за кои се потребни околу 5.000 американски војници во неколку Балтички и източноевропски страни, пишува "Њујорк тајмс" .

Предлогот, ако биде одобрен, ќе значи дека за првпат од крајот на Студената војна САД ќе распоредат тешко оружје и опрема во најновите земји-членки на НАТО во Источна Европа, кои едно време беа дел од советската сфера на влијание.

Руската анексија на Крим и војната во источна Украина беа тревога и доведоа до ново воено планирање во земјите членки на Алијансата, наведува весникот.

По проширувањето на НАТО кон балтичките земји во 2004 година, САД и нивните сојузници избегнуваа постојаното распоредување на опрема или војници во Источна Европа, бидејќи настојувале кон различни форми на партнерство со Русија, посочува весникот.

Тоа е прилично значајна промена во политиката, појаснува Џејмс Ставридис, пензиониран адмирал и поранешен врховен командант на сојузничките сили на НАТО. Сега тој е декан на Факултетот за право и дипломатија "Флечер" на Универзитетот Тафтс.

Оваа промена ќе ги смири во разумни граници загрижените сојузници, иако се разбира нема ништо подобро за тоа од редовното распоредување на војници на место, додава тој.

Количеството на планираната опрема е помалку во споредба со она што Русија би можела да го доближи кон земјите од НАТО или кон границите, но ќе послужи како знак за американската посветеност и ќе делува како разубедително средство по начинот на кој го направи Берлинската бригада по кризата со Берлинскиот ѕид во 1961 година, коментира весникот.

Предложената техника која ќе биде распоредена во сојузничките бази и ќе е доволна за вооружување на бригада од 3000-5000 воени, ќе е слична на она што САД го одржуваат во Кувајт повеќе од една деценија, откако Ирак упадна таму во 1990 година и беше протеран од Американците и од нивните сојузници во почетокот на следната година, дополнува њујоршкото издание.

Предлогот на Пентагон има потреба од одобрение на министерот за одбрана Ештон Картер и на Белата куќа. А пред него има и политички пречки. Меѓу некои сојузници на НАТО тоа предизвикува загриженост во врска со руската реакција на овој чекор на Пентагон.

Американските воени сили продолжуваат да истражуваат кое е најдобро место за распоредување на овие оружје и опрема, како оваа студија станува во консултација со американските сојузници, вели полковник Стивен Ворен, портпарол на Пентагон.

Во моментов ние не сме зеле никакво решение за тоа дали и кога ќе ја распоредиме оваа опрема, додава тој.

Високи претставници посочија дека очекуваат одобрување на плановите на Пентагон да биде дадено пред средбата на министрите за одбрана на земјите од Алијансата, која ќе се одржи подоцна овој месец во Брисел.

Овој предлог не го вклучува постојаното распоредување на американски војници во Балтичките земји, нешто за кое високи претставници на овие три земји неодамна побараа во писмо упатено до НАТО, пишува "Њујорк тајмс".

Претставниците на овие земји сепак и покрај тоа го поздравија предлогот да се испрати барем опрема.

Ние треба однапред да ја позиционираме опремата, бидејќи ако нешто се случи, ќе ни треба дополнително оружје, опрема и муниција, изјави министерот за одбрана на Латвија Раймондс Веионис кој ќе стапи на должност како претседател на земјата во јули.

Ако нешто се случи, не можеме да чекаме денови или недели за повеќе опрема. Ние ќе треба да се дејствуваме веднаш, додаде тој.

Марк галеон, професор на Њујоршкиот универзитет, кој ги анализира руските воени и безбедносни служби, исто така забележува дека распоредувањето на тенкови, иако кон нив не се праќаат луѓе, исто така е значаен знак.

Според предлогот опрема, доволна за околу 150 војници ќе биде лоцирана во секоја од трите балтички земји - Литванија, Летонија и Естонија.

Опрема, доволно за чета или евентуално за баталјон, ќе биде лоцирана во Полска, Романија, Бугарија и евентуално Унгарија.

Американски воени експерти извршија студија на објекти во земјите во кои се размислува да биде доставена воената техника и Пентагон сега прави проценка колку ќе чини модернизацијата на железничките линии, изградба на нови оружјени магацини и нови објекти за чистењето на опремата, како и за замена на други објекти кои датираат од советската ера, современи.

Со распоредувањето на тешко оружје ќе се заштедат на американската армија време, пари и ресурси и ќе се избегне транспортот напред-назад на опремата од и до САД секој пат кога армиски делови патуваат до Европа, за обуки.

Опрема која ќе може да се користи од една бригада би вклучувала околу 1200 боречки машини, вклучувајќи околу 250 тенкови М1-А2, борбени машини Бредли и оклопни гаубици, според американски претставник, цитиран од весникот. "Њујорк тајмс".

Идејата за однапред поставени оружје и материјали во балтичките земји и Источна Европа беше дискутирано и порано, но никогаш не беше спроведено, бидејќи требаше да биде прифатено од Кремљ како кршење на духот на договорот од 1997 година меѓу НАТО и Русија, кои ги става основите на соработката меѓу нив.

Во овој договор алијансата вети дека  нема да се стреми да има трајно дополнителни борбени сили во земјите близу до Русија. Во договорот се посочи дека НАТО и Русија не се сметаат за непријатели. Но сега многумина во Алијансата велат дека постојано растечките руски агресивни дејствија околу границите на НАТО се ставени под прашање договорот од 1997 година.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина