САД СО „ТЕШКИ“ САНКЦИИ ПРОТИВ НАФТЕНАТА ИНДУСТРИЈА НА СРБИЈА: „Не сум го видел официјалниот документ “, Вучиќ со коментар
Објавено во: Балкан 14 Декември, 2024 09:11
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека се уште не го видел официјалниот документ со кој Соединетите Американски Држави (САД) воведуваат санкции против Српската нафтена индустрија (НИС), но дека преку „официјален канал“ бил информиран дека тоа ќе се случи на 1 јануари.
Вучиќ во гостувањето на Радио Телевизија на Србија (РТС) рече дека вестите доаѓаат во тежок момент, но дека актуелната влада ќе разговара со САД и Русија и ќе се потруди да одржува добри односи со двете земји.
На прашањето дали одлуката Србија да воведе санкции кон Москва нешто ќе промени, Вучиќ рече дека не е подготвен да разговара за тоа и дека Србија ќе продолжи да води „принципиелна политика“.
Вучиќ синоќа најави дека за неколку дена САД ќе воведат санкции против НИС поради руска сопственост, а на санкциите ќе им се придружат и Британците.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




