Саем на храна и вино во Гевгелија
Објавено во: Агробизнис 13 Јуни, 2013 12:09
На плоштадот во Гевгелија синоќа се одржа Саемот на храна и вино како завршен дел од проектот што заеднички го реализираа општините Гевгелија и Пеонија од Грција во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка.
На саемот со свој производи се претставија десетина компании од Гевгелијa производители на преработки од овошје и зеленчук, прехрана и вино, и пет компании од соседна Грција.
Саемот го отвори градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов кој во своето обраќање истакна дека манифестацијата е потврда за континуитет и проширување на соработката меѓу пограничните компании и изрази надеж и подготвеност таа да продолжи понатаму.
Заменик градоначалникот на Пеонија, Константинос Симеонидис во поздравниот говор нагласи дека заедничкиот проект постигна значителен успех и дека очекува да продолжи соработката во проектот од кој бенефит ќе имаат локалните економии на двете општини
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





