Добивај вести на Viber
Денеска во Богомила се одржа 7. Саем на здрава храна насловен „Поблиску до природата“. На него локалните земјоделци ги презентираат и продаваат земјоделските производи од регионот на Чашка- општина која сеуште важи за место во кое се произведува еколошки чиста и здрава храна.
На тезгите, земјоделците од регионот продаваа јајца, мед, грав и други земјоделски производи кои самите ги произведуваат. Истовремено се продаваа и веќе зготвени специјалитети специфични за овој регион и од продукти произведени во оваа општина.
Саемот на здрава храна „Поблиску до природата“ го организира општина Чашка, а како што изјави нејзиниот градоначалник, Горанчо Пановски , општината се труда ги поттикне земјоделците да произведуваат што поголеми количини на здрава храна.
Посетителите на Саемот имаа можностт да вкусат и локални специјалитети, а манифестацијата имаше и хуманитарен карактер. Парите собрани од продажбата им беа подарени на децата од дневниот центар за лица заболени со церебрална парализа „Детелина“ .
Саемот на здрава храна првпат се одржа во 2007 во селото Богомила , а потоа и во селата Извор, Теово, Согле, Богомила и Оморани.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: