24 Јануари, 2025
0.0269

САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ОХРИД: Повеќе од 70 компании се претставија пред граѓаните

Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Во Охрид денеска се одржа четвртиот Саем за вработување, дел од караванот саемски претставувања наменети за граѓаните кои активно бараат работно место. Вториот по големина саем, по оној одржан во Скопје во СЦ „Борис Трајковски”, беше домаќин на повеќе од 70 компании од регионот, но и целата Република, кои пред Охриѓани ги претставија условите за работа, како и потребата од работен кадар. "Денес сме во град Охрид, и морам да признаам дека одзивот на компаниите е навистина одличен. Караванот Саеми за вработување во организација на Агенција за Вработување на Република Македонија има за цел да ги доближи понудата и побарувачката на труд, со што се влијае како на информираноста на граѓаните за можностите за кариера, така и за увидот кој компаниите го прават на пазарот на труд”, изјави Влатко Поповски, директор на Агенцијата за Вработување на Република Македонија. Голем број граѓани го посетија Саемот и ја разгледаа понудата која ја претставија компаниите. "На саемот беа присутни компании од целата Република, но уште позначајно за мене беше присуството на локални компании. Се запознав со понудата на истите, бидејќи би сакал по завршувањето на образованието, да најдам работа во сопствената струка и во мојот град. Оставив резимеа кај неколку компании, кои верувам дека би биле одлична можност за моја професионална надоградба, па се надевам дека, иако сум се уште студент, ќе успеам да импресионирам некоја од нив”, изјави Филип Р., студент на Универзтитет „Св. Климент Охридски”. Агенцијата за Вработување на Република Македонија, продолжува со организација на Саемите за вработување и следната недела продолжува во Струмица.

Можеби ќе ве интересира

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес