05 Декември, 2025
0.0397

Саемот за мебел ќе се одржи од 26 до 31 март

Објавено во: Мои пари 21 Март, 2013 12:46

Добивај вести на Viber

Саемот за мебел 2013 на кој ќе се претстават голем број изложувачи, односно производители на мебел ќе се отвори во вторник на 26 март и ќе трае до 31 март на целиот капацитет на Скопски саем. Овој саем ќе биде место за промоција на најновите трендови во производството на мебел пред потрошувачите. Оваа специјализирана изложбено-комерцијална саемска манифестација прерасна во центар за соработка помеѓу производителите и трговците од нашата земја, регионот па и пошироко. Ќе се претствата над 160 директни учесници од Италија, Грција, Бугарија, Германија, Србија, Хрватска, Словенија, Косово, Австрија, Чешка Македонија како домаќин бележи значителен пораст во изложувачкиот дел со нови производни компании од оваа област. Преку групно учество и оваа година Турција ќе го претстави својот изострен вкус за дизајн, производство на мебел и репроматеријали. Посетителите може да добијат дополителна инспирација за уредување и нови дизајни во неколку категории: мебел за дом и ентериер, мебел за кујни и бањи, спални и детски соби; мебел за канцеларии и уредување на канцелариски простор, мебел за градини и хортикултурно уредување, мебел за јавни објекти, машини и алати за индустријата на мебел, како и посебна категорија на акцесоари за уредување на ентериери и екстериери. - Минатата година оваа саемска манифестација ја посетија повеќе од 50.000 посетители. Оваа година се очекува Мебел 2013 да привлече уште поголем број на посетители во текот на шесте саемски денови. Големата заинтересираност од страна на посетитетлите е поради сè почестата потреба односно порив за промена, освежување, адаптирање во своите домови, а пак од друга страна, производителите се спремни со своите креативни дизајн решенија да ги задоволат потребите на потрошувачите,” изјави оперативниот директор на проектот Мебел 2013,Магдалена Хамбова. За првпат годинава, Скопски саем додели иизложбен простор без надомест на СОС Детско Село. Штитениците ќе имаат своја промоција, ќе го презентираат она што со љубов го создаваат и ќе го споделат и понудат на посетителите. Оваа соработка со СОС Детско Село во иднина ќе прерасне во составен дел од оваа најпосетена манифестација.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност