05 Декември, 2025
0.2920

Сахара: За шест години Охрид ќе го добие луксузниот комплекс

Објавено во: Економија 16 Декември, 2012 18:15

Добивај вести на Viber

Временска рамка од пет до шест години е поставена за изградба на луксузниот комплекс  кај Љубаништа, на брегот на Охридското Езеро  најавија денеска  Индијците од Сахара груп . За неколку месеци ќе знаат колку точно ќе ги чини целата инвестиција. Како што истакна Семанто Рој директор на Сахара Индија Паривер, проектот содржи многу компоненти, недвижнини, забавни содржини, апартмани, објекти за здравствени услуги, хотели. Ги содржи сите потребни елементи за модерно живеење. Иако изградбата ќе оди етапно, ќе заврши за пет до шест години. Причината зошто се решиле да ја посетат Македонија била емоционалната поврзаност преку Мајка Тереза. А секако и одличните можности за инвестирање, потврдени и од добрите рејтинзи на Светка банка. Апартмани на вода, терен за голф, конгресен центар, марина, но и казино на вода сето ова е дел од главниот план на Индијците. На врвот на пловното казино пак  предвиден е елитен бар, во кој на гостите ќе им се нуди шампањско и кој со огромен балон од хелиум ќе се движи нагоре и надолу. Според најавите уникатноста на овој проект ќе биде приоритет во неговата релизација. -Сакаме да создадеме нешто што е уникатно, за кога светот ќе погледне да рече – па добро, ова навистина го нема никаде”, изјави Семанто Рој, извршен директор на Сахара Индија Паривер. Комплексот ќе се простира на површина од 240 хектари, а потписник на проектот е британската проектантска куќа Аткинс. Сепак интересот на индискиот милјардер за инвестирање во Македонија не застанува тука, тој  летоска  пројави желба и за изградба на ски-центар на планината Галичица. Со оглед на местоположбата, Галичица има идеални услови за развој на зимскиот туризам. На овој начин Охрид и целиот тој предел, би станал и атрактивна зимска туристичка дестинација, од што бенефит би имала и државата. Според министерот Ставревски проектот на Охридското Езеро ќе отвори илјадници работни места и ќе ја продолжи туристичката сезона преку целата година. Ставревски очекува дека  ќе привлече десетици илјади туристи, ќе го зголеми прометот на дуќаните и на сите сервисни и други услуги, а ќе придонесе за БДП, како и за девизниот прилив за локалното население.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката