19 Декември, 2025
0.0353

Сајбер одбраната на Владата поскапе од 15 на 25 милиони евра

Објавено во: Економија 11 Септември, 2023 07:50

Добивај вести на Viber

Сајбер одбраната што ќе ја плаќа Владата за јавната администрација во наредните три години ќе чини 25 милиони евра, наместо досегашните 15 милиони.

Набавката на софтверски лиценци и сервиси, што е една од цените што треба да ја плаќаме како 30-та членка на НАТО, ќе не чини 1.520.343.083 денари што во наредните 36 месеци ќе му се исплаќаат на конзорциумот Крејон Македонија - Аитоникс.

Новиот договор склучен со Владата и истовремено објавен на електронскиот систем за јавни набавки е значително поскап во однос на претходниот постигнат пред три години со истото партнерство. Тогашниот договор чинеше 900 милиони денари, односно 15 милиони евра, а Владата им ги исплаќаше овие пари на Аитоникс и на Крејон дел по дел.

Новиот договор е склучен во долари како валута. Договорена е исплата на 26,5 милиони долари. Наведената сума ќе мора да се обезбеди дури и ако доларот во наредниот период значително зајакнува во однос на денарот.

Понудата не била најниската. Имало и таква за 22,7 милиони долари. Останати понудувачи биле Комтрејд Дистрибуција, Softwareone AG и Телелинк бизнис сервисис.

„Крејон Македонија“ е една од најголемите фирми во Македонија кои прават приходи во милиони евра а при тоа немаат ниту еден вработен. „Аитоникс“ е компанија во сопственост на Јордан Димитровски„Крејон“ групацијата е еден од најголемите партнери на “Мајкрософт “ во светски рамки, а АД „Аитоникс“ е негов долгогодишен партнер и дистрибутер во Македонија. 

Минатиот договор за сајбер одбрана го потпиша претходниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, непосредно пред да ја напушти функцијата.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии