29 Март, 2024
0.0270

САКААТ ДА НИ НАПРАВАТ ИЛИ МОТЕЛ, ИЛИ ХОТЕЛ, ИНСПЕКТОРИ ПОСТОЈАНО НЕ ВОЗНЕМИРУВААТ - жителите од улицата „Пити Гули“ се кренаа на нозе

Објавено во: Македонија 22 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Жестока граѓанска реакција пристигна до медиумите околу планирана изградба во близина на контроверзните Плацеви на Водно. 

Граѓаните на улицата Питу Гули испратија соопштение до медиумите, во кое реагираат дека во нивна близина ќе се гради објект со еден кат повеќе од дозволеното. 

Како што самите велат во своето соопштение, на 18 март 2022 година, жителите на Питу Гули, улицата која се наоѓа веднаш под озлогласените „Плацеви на Водно“, а во моментов предмет на судски процес, поднеле барање за поништување на Одобрението за градење издадено на Маркеза ДООЕЛ, од страна на претходниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ. 

„Во прилог, ќе ги најдете сумирани аргументите кои ги содржи барањето за поништување на горенаведеното Одобрение. Одобрението е издадено спротивно на Деталниот урбанистички план за овој дел. Согласно со Извод од план за градежна парцела бр 10.75 - тука, дозволената максимална катност е П + 1 + Пк. Планираната градба во основниот проект врз основа на кој е издадено одобрението за градење - предвидува еден спрат повеќе од дозволеното - кое Инвеститорот се обидел да го замаскира со поимот „галерија“, инаку термин кој е непостоечки во Законот за градење. Спратот додаден како „галерија“ има функционална висина (2,65 м), додадена над висината од 3,35 м на приземјето. Општината направила превид и така приземјето станало спрат со висина од 6 м. Со наводната „галерија“, Општината на Инвеститорот му дозволила да добие уште еден спрат од градбата, што е спротивно на параметрите утврдени со ДУП-от.

Општината доделила Одобрение за градба, без да овозможи пристап до истата, што е спротивно на член 94 од Законот за градежно земјиште. Во фактичката состојба не постои пристап до самата парцела. Во моментов, ДУП-от предвидува „Улица 5“ како пристап до парцелата, но таа во реалноста не постои, а не постоела ниту во моментот на извадање на Одобрението во прашање. Општината ја нема предвидено изведбата на оваа улица во својата Програма за уредување на градежно земјиште за 2022 година. Дополнително на горенаведеното, не е јасно како на Инвеститорот ќе му се овозможи поставување на водоводна, фекална и атмосферска канализација и друга инсталација со приклучоци до градежната парцела. 

Според Решението за хидротехнички услови дадено во постапката за издавање на Одобрение на ул. Питу Гули постои само водоводна мрежа, а треба да се изведе фекална и атмосферска мрежа. Нејасно е каде се предвидува да се приклучи објектот на Инвеститорот на фекална и атмосферска канализација, знаејќи дека водовод нема примено дека на ул. Питу Гули постои фекална и атмосферска канализација. Согласно постоечката хидротехничка инфраструктура, кога Инвеститорот би започнал со градба, за да користи градежна вода би му била потребна изведба од 22 м водоводна мрежа, која не е јасно ниту кога, ниту на кој начин има намера да ја изведе - со оглед на тоа дека за да ја изведе треба да направи ископ на постоечката улица, а за тоа му е потребно посебно одобрение од Општината. 

Најинтересно во проектната документација е дека произлегува дека одобрението е издадено за градба која суштински има друга намена од таа за која е издадено одобрението, а која намена Инвеститорот се обидел да ја скрие. Проектната документација покажува објект или за заедничко домување (А3) или за времено домување (А4), па дури можеби и за хотел (Б5). Во секој случај не покажува објект со намена А0-домување со посебен режим. Ова се гледа од предвиденото во проектната документација, како на пример: 20 паркинг места на две нивоа, лифт со големина за 6 лица, 20 посебни собни единици, 30 купатилски умивалници, 30 огледала и етажерки над и под секој умивалник, 30 моноблок шолји, 30 батерии за умивалниците, 21 туш батерии за топла и ладна вода, 26 ЕК вентили за машини за алишта и садови, 13 ЕК вентили за кујнска батерија, 13 бојлери. 

Општината не увидела дека постои целосно несовпаѓање на овие бројки со проектот за архитектура каде не е јасно на пример, каде ќе биде сместена оваа санитарија бидејќи истиот предвидел 10 спални (од кои манипулативно 8 ги нарекол детски) и предвидел 7 купатила (тоалети). Истото важи и за проектот за електрика кој не се совпаѓа со архитектонскиот. 

Дополнително, со Одобрението за градење на Инвеститорот му се одобрува објект од втора категорија, со намена А0 - домување со посебен режим, која намена на градба, со влегување во сила на Правилникот за урбанистичко планирање, согласно член 77 од истиот,, повеќе не постои. За крај, во Основниот проект приложен во докуменатацијата врз основа на кој е издадено Одобрението за градење содржи дополнителни бројни пропусти, недостатоци и грешки, во однос на пропишаните висини за спратовите, приодот за возилата и како тие ќе влегуваат во двоспратниот подземен паркинг, проектот кој е на ниво на идеен проект не ги отсликува сите проекти и сите фази, на ниту едно место во проектот не се внесени подни коти - ниту на пресеците ниту на основите, не се ставени скалите во изглед, а дадено е одобрение за фаза 1 - каде се очекува да се изградат скали до приземје, проектот за статика не соодветстува со проектот архитектура. 

Овие бројни пропусти се причини заради кои вообичаено стручните служби би вратиле проект. Во моментов постојат нерешени прашања со соседните парцели кои дополнително ги отежнуваат прашањата околу ова Одобрение. 

Општината периодов, повеќекратно ги вознемири жителите на улицата, вршејќи притисок врз нив, веројатно со цел да надомести за своите пропусти при доделувањето на ова Одобрение. 

Инвеститорот бара начин како да си обезбеди пристап за да почне со градење преку поднесување на пријави до општината за непосредните соседи се со цел да си отвори пристап преку 50 години уредувани површини кои се единствена патека до ридот по кој треба да помине тешката механизација. 

Општината веќе постапува согласно неговите барања и неколку пати на терен одат инспектори за да пронајдат пропуст во имотните листови на непосредните соседи.

Соседите кои живеат таму повеќе од 50 години се изложени на постојани притисоци и трошоци за изработка на елаборати за да ја докажат точноста на оградувањето на нивните парцели надевајќи се дека општината нема да пронајде слабост која инвестиротот би ја искористил за да добие пристап“, пишуваат жителите на Питу Гули во своето соопштение до јавноста.

Или, како што нагласуваат, општината не направила проблем за ова несовпаѓање, според кое јасно се гледа дека објектот нема да биде семејна куќа туку ќе биде или мотел, преноќувалиште, дом или хотел. 

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница