САКАЛЕ ДА ПРОШВЕРЦУВААТ АПАРАТИ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА - голема заплена на Царинска управа

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2024 11:07
Девет апарати за игри на среќа, како и 405 делови за одржување, се запленети откако увозник се обидел да ги прошверцува помеѓу пријавена стока за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија.
Како што соопшти Царинската управа, апаратите заедно со деловите за одржување се откриени при детална контрола којашто е извршена од страна на Мобилен тим на Секторот за контрола и истраги.
Против фирмата увозник на опрема за казина и автомат клубови се поднесени соодветни пријави заради прекршување на царинските регулативи.
Од Царинската управа велат дека во рамки на своите надлежности континуирано преземаат активности за спречување на шверц и сива економија.
Фото: Царинска управаМожеби ќе ве интересира
МИЦКОСКИ: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА Е ВО ЧИКАГО: Нека овој наш најголем христијански празник ни донесе мир

(ГАЛЕРИЈА) ОБЈАВЕНА Е ВЕСТА ЗА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ: Еве каква беше атмосферата синоќа во Соборниот храм во Скопје

ДЕНЕСКА Е ВЕЛИГДЕН, ПОМЛАДИТЕ ОДАТ НА ГОСТИ КАЈ ПОСТАРИТЕ: Кои се другите обичаи?

НА ТРПЕЗАТА ИМА ТАЗЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА: Што да се направи со ланското јајце кое прво е вапцано?

„Секогаш вткаен во македонската музика“: почина Тоше Поп - Симонов, бројни колеги и пријатели се збогуваат со него

МАЛОЛЕТНИК БЕСНЕЕЛ СО МОТОЦИКЛ НИЗ ОХРИД - удрил неколку лица, завршил во автомобил и избегал

„Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца“ - трогателна атмосфера во Кочани
