26 Ноември, 2024
0.0254

САКАМЕ ПОГОЛЕМА ФИНАНСИСКА СИГУРНОСТ: Како да генерираме пасивни приходи?

Објавено во: Економија 24 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Со оглед на високите трошоци за живот, добро е граѓаните да размислуваат за повеќе извори на приходи. Можат да си обезбедат пасивен приход кој ќе им помогне за полесна егзистенција во иднина.

Постојат повеќе опции за тоа, но луѓето треба да размислат што е во склад со нивните можности и што најмногу им одговара. Во одредени области генерирањето на пасивен приход оди полесно, но за некои сектори е потребно повеќе знаење. Има многу инспиративни приказни за луѓе кои со своето хоби си обезбедиле пасивни приходи.

„Генерирањето на пасивни приходи е цел која многу луѓе ја имаат, и со правилниот план и стратегија, може да се постигне. Постојат неколку начини и идеи кои може да се разгледаат во нашата средина: Едно од најпознатите е издавање на имот: Ако имате сопственост на имот, може да размислите за издавање на таа недвижнина. Краткорочно издавање (преку платформи како Airbnb) или долгорочно издавање (долгорочни закупци) може да донесе стабилен месечен приход. Вложување во акции и инвестициски фондови: Инвестирањето во акции или други инвестициски фондови може да биде начин да се создаде пасивен приход. Сепак, треба да се направи добра анализа и да се консултирате со финансиски советник за да го разберете ризикот и потенцијалниот приход. Онлајн заработка: Со растот на дигиталната економија, постојат многу начини за заработка преку интернет. Некои идеи вклучуваат: Блогирање или пишување на содржина: Може да креирате блог или YouTube канал и да генерирате приход преку реклами, партнерски програми или спонзорирани содржини, продажба на дигитални производи: Креирање и продажба на е-книги, онлајн курсеви, музика или други дигитални производи“, вели Стефан Стојанов од Генерали Инвестменст.

За да ја изберат најдобрата опција за создавање пасивен приход, луѓето можат да побараат совет од стручно лице.

Дивиденди и ројалтис: Ако инвестирате во компании или имате интелектуална сопственост (како патенти, авторски права на музика, книги итн.), може да добивате редовни дивиденди или ројалтис од нив. При избор на метод или стратегија за генерирање на пасивен приход, важно е да се направи добра анализа на ризиците, да се консултирате со професионалци каде што е потребно и да се разбере дека пасивните приходи често бараат почетен инвестициски напор или ресурси пред да станат „пасивни", додава Стојанов.

Луѓе заработуваат од продажба на фотографии, ракотворби, организираат курсеви и слично. Пасивен приход е приходот кој го добивате дури и кога не работите. Понекогаш со 6-18 месеци работата на проект кој ќе генерира приходи  може да си обезбедите стабилен профит за подолг период.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија