16 Декември, 2025
0.0363

Сакате работа во Гугл? Еве какви кандидати бараат!

Објавено во: Свет 14 Јули, 2014 13:00

Добивај вести на Viber

Компанијата Гугл е позната по неверојатно тешките и комплицирани прашања што им се поставуваа на кандидатите на интервјуата за вработување. Заради чудни прашања како „колку топчиња за голф собира во автобус“ или „колку бензински пумпи има на Менхетен“ Гугл стекна репутација на компанија која има исклучително високи стандарди за вработување. Сепак, неодамна компанијата се откажа од поставување на овие прашања и призна дека ваквите тестови за идните вработени немаат многу смисла. „Тие прашања се целосна загуба на времето“, изјавил за БизнисИнсајдер Ласло Бок од Гугл, кој признал дека врз основа на одговорите на вакви прашања не можат да се дознаат никакви корисни информации за кандидатите. Затоа наместо бесмислени прашања, Гугл сега користи „бихејвиорални интервјуа“ со кои сакаат да дознаат се за досегашното работно искуство на кандидатите. Така, на пример, ги распрашуваат за начините на кои решиле некои аналитички проблеми. На тој начин можат да добијат многу повеќе информации за потенцијалните вработени, да разберат како тие се однесувале во тешки и непредвидливи ситуации во кариерата и да дознаат кои задачи кандидатите ги сметаат за тешки. Исто така, оваа компанија се помалку вработува луѓе кои завршиле факултет, бидејќи проценува дека другите способности на кандидатот се поважни од дипломата - можност за учење, брзо решавање проблеми, извлекување заклучоци од наизглед неповрзани информации, лидерски способности. Притоа, Бок додава дека не бараат лидери како „претседател на шаховски клуб“, туку индивидуи што ќе знаат кога треба да водат проект, а кога да слушаат и да ги следат другите лидери. Она што е навистина интересно е дека оваа компанија никогаш не бара експерти во одредена област, затоа што смета дека тие наоѓаат решение за одреден проблем на ист начин на кој претходно милион пати биле решени слични проблеми, додека оние што не се експерти можат да згрешат, но често ќе дојдат до оригинален начин за решавање на проблемот што води кон иновации.

Можеби ќе ве интересира

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“