17 Декември, 2025
0.0503

Самитот во Санкт Петерсбург заврши – договор за Јужен поток сеуште нема

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2013 07:51

Добивај вести на Viber

Иако, најавено сепак на економскиот самит во Санкт Петерсбург Македонија не потпиша договор со Русија за вклучување на Македонија кон гасоводниот проект Јужен поток. На самитот македонската делегација ја предводеа министрите за финансии и економија Зоран Ставрески и Ваљон Сарачини, но сепак информација за тоа што се случува со вклучувањето на земјава во проектот Јужен Поток не даде ниту една институција. Инаку,  министерот Ставрески минатата недела најави дека токму на петерсбуршкиот самит ќе биде потпишан договор за Јужен поток. „Следната недела заедно со премиерот Никола Груевски ќе бидам во Русија. На крајот на неделата во рамките на Форумот во Санкт Петербург ќе се потпише договорот меѓу Русија и Македонија за влегување на нашата земја во Јужен тек“, изјави на 11 –ти јуни, 2013 година, министерот за финансии Зоран Ставрески. Дека немаше навестувања за потпишување на ваков договор на форумот во Санкт Петерсбург можеше да се регистрира и на официјалниот веб сајт на форумот каде во ниту еден од предвидените договори за потпишување го немаше најавениот  договор меѓу Македонија и Русија за Јужен поток.

Можеби ќе ве интересира

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега