26 Јуни, 2024
0.2352

„Само додај Coca-Cola“ – прва кампања во Македонија целосно креирана со AI

Објавено во: Мои пари 17 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Може ли еден збор целосно да ги промени чувството, расположението и атмосферата? Може, ако е вистинскиот збор. Тоа е основата зад наративот на кампањата Just Add Coca-Cola (Само додај Coca-Cola), прва кампања во земјава целосно креирана со користење алатки за вештачка интелигенција, зад која стои маркетинг-агенцијата „Њу момент Скопје“.

Coca-Cola е повеќе од пијалак, па дури и повеќе од бренд. Тоа е чувство, расположение, цел свет на оптимизам и среќа, црвена боја и свежи идеи. Како се стигнува до овој свет?Едноставно, во секојдневните ситуации само додај Coca-Cola.

- Постоечките AI платформи главно не препознаваат логоа и текст ниту, пак, можат да направат конекција меѓу името на брендот и неговиот визуелен идентитет. Обидите да се генерираат логоа на брендовите со помош на AI алатките или барем да се добијат слики кои визуелно ќе потсетуваат на некој бренд, обично завршуваат со деформирани и непрепознатливи резултати. Но, ако во промптовите се додаде Coca-Cola,сликата драстично се менува – вели Илинка Црвенковска, креативен директор во „Њу момент“.

За да ја создаде оваа кампања, агенцијата генерира слики со алатки за вештачка интелигенција, користејќи едноставни промптови како „човек во канцеларија“ или „бабичка во фотелја“. Сликите што се добиени како резултат, исто така, се едноставни, лицата се најчесто сериозни, боите се главно темни. Но кога ќе се додаде Coca-Cola во промптовите, на пример „човек во канцеларија, Coca-Cola“ или „бабичка во фотелја, Coca-Cola“, сè се менува. Не само што AI алатките ги препознаваат логото и визуелниот идентитет на Coca-Cola, туку и воопшто целото чувствои атмосферата на сликите, стануваат попозитивни. Доминантна боја е црвената, лицата се насмеани и буквално зрачат.

- Како што сликите станаа многу поинтересни, забавни и позитивни кога додадовме Coca-Cola, така и во секојдневниот живот. Пораката што сакаме да ја испратиме е дека и секојдневните оброци, забави, дружења, настани... добиваат боја и стануваат многу поинтересни и позитивни кога во нив ќе додадете Coca-Cola – вели Црвенковска.

Компанијата Coca-Cola е добро позната по користењето на нови трендовски технологии во сите сегменти од своето работење, вклучително и во маркетинг-активностите. Минатогодишната кампања „Создај вистинска магија“ беше креирана со најновите верзии на DALL-E и GPT (Generative Pretrained Transformer) и овозможи пристап до најмоќните технологии на вештачка интелигенција достапни во тој момент. Активацијата им овозможи на потрошувачите да ги користат најиконичните креативи на Coca-Cola и да дизајнираат вистински магична уметност. Имаше повеќе од 120.000 пријави за само 11 дена, а дизајните на најдобрите креатори беа вклучени вопознатите билборди на Coca-Cola поставени на Тајмс Сквер и Пикадили Циркус.

- Ако брендот е ветување што им го давате на вашите потрошувачи, тогаш ветувањето што го дава Coca-Cola e оптимизам, добро расположение, споделување среќни моменти со најблиските. Таквото чувство не познава граници и многу ми е драго што и AI го препознава – вели Мартин Атанасовски, маркетинг-директор во The Coca-Cola Company.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Kia го освежи Sorento: Дознајте ги сите детали за големиот семеен SUV од сегментот D

Kia го освежи Sorento: Дознајте ги сите детали за големиот семеен SUV од сегментот D

Итно копче – технологија што спасува живот со успешна реализација

Итно копче – технологија што спасува живот со успешна реализација

КИНА СТАНУВА ВСЕЛЕНСКА ТЕХНОЛОШКА СИЛА: Кси упати честитки за целосниот успех на мисијата Chang'e-6

КИНА СТАНУВА ВСЕЛЕНСКА ТЕХНОЛОШКА СИЛА: Кси упати честитки за целосниот успех на мисијата Chang'e-6

„Книга за Петре“ во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски

„Книга за Петре“ во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ВИСОКА СТРУЧНА ШКОЛА ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ВО АКАДЕМСКАТА 2024/2025 ГОДИНА

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ВИСОКА СТРУЧНА ШКОЛА ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ВО АКАДЕМСКАТА 2024/2025 ГОДИНА

ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА ЗА ЗАРЕ ЛАЗАРЕВСКИ, ТВОРЕЦОТ НА СКИ-ЦЕНТАРОТ ВО МАВРОВО

ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА ЗА ЗАРЕ ЛАЗАРЕВСКИ, ТВОРЕЦОТ НА СКИ-ЦЕНТАРОТ ВО МАВРОВО

Фонтаната Лотос – инспирација за визуелниот идентитет на пакетот за млади Halk EZ

Фонтаната Лотос – инспирација за визуелниот идентитет на пакетот за млади Halk EZ

Отворен повик за А1 WayUp, платена пракса во А1 Македонија

Отворен повик за А1 WayUp, платена пракса во А1 Македонија

Прво навивање, а потоа домашни работи - лесно и брзо со Gorenje!

Прво навивање, а потоа домашни работи - лесно и брзо со Gorenje!