26 Декември, 2024
0.0447

„САМО ДВА ДЕНА СУМ ТУКА, И ЈА ЧУВСТВУВАМ ТОПЛИНАТА НА ЛУЃЕТО, ОВА Е ВЗАЕМНО“: Лавров одржа долга прес конференција со огромен број новинари

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, денеска на вториот ден од министерскиот совет на ОБСЕ одржа долга прес конференција на која присуствуваа огромен број новинари.

Говорејќи за самата организација, Лавров оцени дека ОБСЕ е пред колапс, со речиси иста реторика каква што имаше на вчерашната пленарна седница, потенцирајќи дека годинава Организацијата за безбедност и соработка нема причина за славење, бидејќи според него, ОБСЕ е пред колапс и дека сè она на кое се работело во изминатите години пропаѓа.

- Организацијата се претвори во нешто, кон што сум индиферентен. Индиферентен сум за исходот од денешната сесија, изјави Лавров.

На прашање на МИА во врска со тоа како Русија гледа врз идентитетската агресија врз Северна Македонија од бугарските испостави и дали тие имаат руска позадина одговори дека не е голем експерт во македонско-бугарските односи и посочи дека според него, проблемите за регионот влечат корени од Западот, односно по распадот на Југославија.

 -Не сум голем експерт за македонско-бугарските односи, можам само да кажам дека луѓето во Македонија имаат целосно право да бидат еднакви во сите активности на нашиот заеднички континент. И не само за односите меѓу Бугарија и Македонија, туку за сите балкански земји, би рекол дека коренот на сите балкански проблеми лежи во однесувањето на западните сили, особено за државите од поранешните југословенски држави. Се сеќавам дека со години Македонија беше нарекувана Поранешна југословенска Република Македонија и ова беше понижувачко име, а знаеме и што се случи со името Северна Македонија. Се сеќавам и дека претседал на македонското Собрание имаше фотографии со албанско знаме, направени во канцеларијата во Парламентот, рече Лавров.

Во однос на луѓето во Македонија, Лавров истакна дека иако е само два дена тука ја чувствува топлината и дека тоа чувство е взаемно

-Гледајќи ги луѓето на улица, во хотелот, и покрај тоа што само два дена сум во Македонија ја чувствувам топлината, но исто така можам да кажам дека тоа чувство е взаемно, истакна Лавров.

Што се однесува пак до заминувањето на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, пред воопшто да почне министерскиот совет на ОБСЕ, Лавров оцени дека тоа е кукавички потенг.

-Јас сум тука, а тој не е. Блинкен го избегна состанокот, но јас еве сум тука, него не го гледам. Денеска госпоѓа Захарова ми покажа две различни фотографии објавени во македонските весници. Првата беше од вечерата, кога сите пристигнуваа на вечера, направиле фотографии за да објават во весници дека сите дошле освен Лавров...Останатите весници прикажаа фотографии од утринското отворање, каде што бев присутен со сите мои колеги, но немаше украински министер, ниту претставници од балтичките држави. Секретарот Блинкен и Борел си заминаа. Зошто го направија тоа. Мислам дека сакаа да ја нагласат нивната намера да ја изолираат Русија, изјави Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи ги охрабри етничките групи на Балканот да живеат мирно и да ги потиснуваат сите националистички амбиции и ги повика да не се приклучуваат кон санкциите против Русија, само за, како што рече, исполнување на одредени западни амбиции.

Анита Буховски

ФОТО: Вангел Тануровски

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници