Само еден историчар во македонско-грчката мешовита комисија
Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2018 08:51
Македонската комиисија во мешовитиот комитет во преговорите со грчката страна за отстранување на иредентизмот од учебниците ќе има само еден историчар, потврди предводникот Виктор Габер за МИА пред стартот на низата состаноци на почетокот од ноември. Од друга страна, Грците ќе имаат тројца историчари во својата комисија.
Македонскиот тим според областа на експертиза е мултидисциплинарен и покрај Габер како искусен дипломат од кариера, вбројува и еден историчар, еден јазичар, археолог, политиколог, писател – филозоф и експерт за меѓуетнички односи. Тоа говори, посочува Габер за неговата конципираност врз цивилизациски модел чија цел е да придонесе за поинакво гледање на работите, кое е научно и историски засновано, но ќе овозможи натамошен развој на земјата.
На прашањето кои се темите кои се очекува да предизвикаат најмногу полемика, Габер вели, постојат неколку елементи во нашата и нивната историја што се болни. Како пример посочува на периодот од Втората светска војна, соработката на грчките и македонските партизани, до кој степен бил возможен тој однос, дали ќе имало балкански штаб како што предлагале југословенските партизани, а мекедонските го прифаќале. Потоа што бил СНОФ за партизаните, или за премолчениот договор Аверов – Поповиќ од 1959 година. Има и позитивни примери, вели, како што е Пактот помеѓу Југославија, и во тие рамки Македонија, со Грција и Турција од 1954 година.
Првата средба ќе боде во Солун и може да трае еден или два дена. Проучувањето на учебниците ќе има утврдени временски рамки, бидејќи рокот е една година од потпишувањето на преспанскиот договор.
Во однос на именувањето на населените места – топонимите (Тесалоники или Солун, Монастири или Битола…), Габер посочува дека ќе се користат меѓународините конвенции, кои што за нас, вели, се доста поволни. Во тој контекст, нагласува, ќе послужи и признавањето на македонскиот како службен јазик во поранешна Југославија заедно со словенечкиот и српско-хрватскиот на Конференцијата на ОН во Атина 1977 година.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




